27.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски со честитка до сограѓаните албанци за Денот на албанската азбука

Спасовски со честитка до сограѓаните албанци за Денот на албанската азбука

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Почитувани сограѓани Албанци,

<

Дозволете ми во свое и во име на МВР да ви го честитам Денот на албанската азбука, празник кој има голема важност за сите Албанци, како доказ дека јазикот и писмото се мостови до другите заедници, традиции, култури и духовни наследства.

На 22 ноември 1908 година во Битола заврши заседавањето на учесниците на Битолскиот конгрес, истакнати албански личности од културниот и политичкиот живот, кои едногласно прифатија одлука за унифицирана албанска азбука. Параскеви Киријази, единствената жена која учествувала на Битолскиот конгрес и која подоцна го напиша првиот буквар на стандардизираниот албански јазик и азбука која што е во употреба до денешен ден.

Албанското писмо станува дел од рамноправните, модерно формирани европски писма и дел од разноликото светското културно наследство.
Впрочем, токму на тоа нè повикуваат и европските вредности, како наши вредности воспоставени со концептот Едно општество за сите – солидарност, соживот, меѓусебна почит. Обединети во различностите продолжуваме на патот на нашата интеграција во Европската Унија!

Нека е за многу години Денот на албанската азбука!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...