19.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаИстрага во Косово за провокаторот што украде фотографија од оџа и лажеше...

Истрага во Косово за провокаторот што украде фотографија од оџа и лажеше дека Вања е кај него

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Косовската полиција започна истрага за да го пронајде сопственикот на Фејсбук профилот кој под името „Џамија во Подујево“ вчера си поигра со чувствата на семејството на исчезнатата Вања Ѓорчевска (14) и се обиде да внесе паника и страв меѓу загрижените граѓани. Од овој профил, непознато лице или пак лица, вчера на мајката на девојката ѝ напишаа дека Вања е безбедна и во Косово, сурова дезинформација во која поверува дел од јавноста, а некои медиуми ја препишаа. Фејсбук профилот кој се претставува како „Џамија од Подујево“, користи украдена фотографија од оџа од Албанија, Арбер Бериша, кој за „Слободен печат“ денеска потврди дека веќе бил исконтактиран од началникот на одделот за компјутерски криминал на косовската полиција, кој му соопштил дека косовската полиција отвора истрага за профилот кој ја има украдено неговата фотографија.
Слободен печат“ во текот на вчерашниот ден стапи во контакт со повеќе џамии во Подујево и оттаму ни кажаа дека за Вања немаат никакви информации. Со обратно пребарување на фотографијата од лажниот Фејсбук профил на која се наоѓаше исламско верско лице, дојдовме до вистинскиот идентитет на лицето кое се наоѓа на фотографијата. Станува збор за имамот Арбер Бериша од Тропоја, Албанија.

<

Веќе сум запознаен со овој профил кој неколку пати го пријавував во полиција затоа што често преку него некој, или криминална група, ги злоупотреубаше верниците злоупотребувајќи го моето име. Им давал совети а потоа им барал пари користејќи го моето име и претставувајќи се од различни локации во светот. Овој профил нема никаква врска со ниедна џамија во Подујево. Ве молам обидете се и вие да го пронајдете натрапникот, зашто јас се обидов, но ништо не помогна да биде избришан овој профил, изјави во телефонски разговор за „Слободен печат“ имамот Бериша.

Бескрупулозниот манипулатор не е исклучено да е дел од структури кои што имаат за цел поширока дестабилизација и одвлекување на вниманието на полицијата во истрагата која деноноќно се води да биде пронајдена Вања Ѓорчевска.

Вања Ѓорчевска има 14 години. Во понеделникот во 7 часот и 20 минути изутрина, излегла од домот во скопската населба Дебар Маало и се упатила кон училиштето „Ј.Х. Песталоци“ на настава. На пат кон училиштето ѝ се губи секоја трага.

Вања носела црни панталони со странични џебови, светло син џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „Најк“ патики со кафена лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон „Песталоци“. Висока е 175 сантиметри, тешка 58 килограми, има темно кафена коса и кафени очи, носи протези на горните и долните заби и има бемка на десната страна од лицето. Со себе носи ранец и мобилен телефон марка „Ајфон“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...