22.9 C
Ohrid
сабота, август 23, 2025
ПочетнаМакедонијаСАД го стави на црна листа поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев

САД го стави на црна листа поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Американскиот Стејт Департмент денеска го прогласи поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев за непожелна личност во САД поради, како што се вели во соопштението, негово учество во значителна корупција.

<

Од Стејт Департментот велат дека како вицепремиер Анѓушев ја злоупотребил својата позиција за корист на своите приватни бизнис интереси, поткопувајќи ја довербата на македонската јавност во владините институции.

„Денешниот потег демонстрира дека САД стојат покрај оние во Северна Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери“, се вели во соопштението.

Стејт Департментот, исто така, им забрани влез во САД и на неговата сопруга Елизабета и на децата Ангел и Огнен.

На црната листа на САД, поради корупција, од претходно се Сергеј Самсоненко, Орце Камчев, Ратка Камчева, Сашо Мијалков, Никола Груевски и Рамиз Мерко.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Штипјанец со “БМВ” возел со 252 километри на час !!!

Лишен од слобода возач од Штип, управувал возило со 252 км на час на место каде што е дозволено 120 км на час На 22.08.2025...

Србија е на раб на граѓанска војна, вели Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Њујорк каде што се подготвува за поход кон својата 25. гренд слем титула во кариерата.Во разговор за српските...

Средба на вицепремиерот Николоски и евроамбасадорот Рокас

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во државата, Н.Е. Михалис Рокас. ...

„Занаетчиството – стара вештина со нова моќ за економијата

Збор два за занаетчиството За раздвижување на локалната економија потребни се гранки кои ќе ја задоволат корисноста на граѓаните со што услугите ќе бидат достапни...