Првиот потпретседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на својот профил на Фејсбук објави видео од својот партиски лидер Али Ахмети на кое тој пее албанска народна песна во придружба на музичари со традиционални инструменти.
„Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја прават историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè свето за албанството на плеќи, денеска полни 65 години“, напиша Груби на својот профил на Фејсбук.