7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНаместо до февруари, замена на личните документи до есен – властите најавуваат...

Наместо до февруари, замена на личните документи до есен – властите најавуваат продолжување на рокот

Претседателот Пендаровски јавно предложи Владата да го пролонгира рокот за замена на личните документи до септември или октомври, наместо до февруари.
Ова следи откако јавноста со недели е сведок на редици и хаос пред пунктовите за замена на документите.

„Нема смисла хаосот да продолжи, а ќе ја известиме и Грција дека немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор“. Ова го кажа Пендаровски во телевизиско гостување на Сител.

Премиерот Ковачевски прифаќа да го отвори прашањето на владина седница.

Претходно, од МВР ја информираа јавноста дека и покрај обврската за промена на документите со новото уставно име, сепак казни за оние кои нема да стигнат да го направат тоа пред крајниот рок – нема да има.

Важечките документи ќе бидат валидни на шалтери, во банки па и за за гласање на избори.

„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ НАЈДОБРО ЗНАЕ БИДЕЈЌИ ТОЈ БЕШЕ ВКЛУЧЕН ВО ПОДГОТОВКАТА НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, А ПРИ ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО ВО НАТО ТОЈ БЕШЕ КООРДИНАТОР ЗА НАТО КОЛКУ ШТО СЕ СЕЌАВАМ. ТОЈ ВЕРОЈАТНО ИМА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ КАКО ИСТОТО БИ МОЖЕЛО ДА СЕ РЕШИ НА МЕЃУНАРОДНО НИВО СО ГРЦИЈА. И ЗОШТО ДА НЕ. ТОА ШТО ВЛАДАТА МОЖЕ ДА НАПРАВИ Е ДА ГО ОЛЕСНИ ТОЈ ПРОЦЕС. ВИЕ ЗНАЕТЕ ДЕКА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОТВОРИ ПОГОЛЕМ БРОЈ НА ПУНКТОВИ, ОПРЕДЕЛИ ПОГОЛЕМ БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ КОИШТО ЌЕ РАБОТАТ. И ОЧИГЛЕДНО ДЕКА ТОА ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ УШТЕ ПОВЕЌЕ“ ВЕЛИ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА НА РС. МАКЕДОНИЈА.
A, денес попладне пред привремениот пункт за замена на личните документи немаше голем метеж. Сепак, дел од оние кои ги сними камерата на Телма се жалат дека доаѓаат неколкупати за да завршат работа.

Некои воопшто не слушнале дека се најавуваат промени во крајните рокови за промена на документите. Но, ја поздравуваат идејата.

„ТОА Е МНОГУ ДОБРО, КАКО НЕ. ГЛЕДАТЕ КАКВИ ГУЖВИ СЕ И СО ДЕНОВИ ЧЕКАМЕ. МИ ИСТЕЧЕ ВАЖНОСТА НА ДОКУМЕНТИТЕ. НЕ ЧЕКАМ ПРВПАТ, ВТОРПАТ МИ Е. ВЧЕРА БЕВ И ГОЛЕМА БЕШЕ РЕДИЦАТА. СТИГНАВМЕ ДОНЕКАДЕ И ТОЛКУ БЕШЕ“ ВЕЛИ ЕДЕН ОД ОНИЕ КОИ ЧЕКАА ВО РЕДИЦАТА.

„СЛУШНАВМЕ ДЕКА ЌЕ ГО ПРОДОЛЖУВААТ РОКОТ. НО, МЕНЕ МИ ИСТЕЧЕ ВАЖНОСТА И НА ЛИЧНАТА КАРТА И НА ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА. ШТО ДА ПРАВАМ. САМО ТРИ ШАЛТЕРИ РАБОТАТ НА ЦЕЛО СКОПЈЕ. И НИЕ САКАМЕ ВО ЕВРОПА! ОВА МИ Е ТРЕТПАТ ДА ЧЕКАМ. ВЧЕРА ДОЈДОВ ВО 5 И 30 НАУТРО И ИМАШЕ РЕДИЦА“ ДОДАВА ДРУГ ГРАЃАНИН.
Во претходните денови социјалните мрежи беа главно место за поплаки од огромниот метеж. Исто е и за фотографирање, но и за подигнување на готовите документи. Сепак голем дел од граѓаните завршија работа.

Од МВР за Телма велат дека денес во 13:35 часот на Одделот за управни работи во зградата на МРТВ е констатирано нарушување на јавниот ред и мир и направен е Записник.

А, пред привремениот пункт во ПС „Пролет“ овие отпадоци остануваат да сведочат за големиот број граѓани кои поминаа во редот.

Петар Догов Telma Tv

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...