7.4 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаНикола Димитров: Министерот Панче е во право, треба да се продолжи рокот...

Никола Димитров: Министерот Панче е во право, треба да се продолжи рокот за патните исправи, а трошокот да го сноси државата !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Два чекора се потребни за решение на огромниот проблем со патните исправи, сообраќајните и возачките дозволи, што го направила државата, на штета на граѓаните, издавајќи документи на стари обрасци и со рок на важење по 12 февруари 2024:

<

•Прво, предлогот на министерот Панче Тошковски е сосема на место.
Потребни се најитни измени на законите за патни исправи и за безбедност во сообраќајот, со нови рокови врз основа на реален план и реални капацитети за издавање на нови документи и тоа на трошок на државата.
На трошок на државата, се разбира, затоа што со сопствената неорганизираност, грешки и непочитување на сопствените закони, надлежните и тоа како се дел од причините за хаосот со личните документи.

•Второ, треба итна дипломатска акција со Грција, што требало да се направи уште далеку пред ова прашање да излезе од контрола. Државната агенција МИА повикувајќи се на грчки извори јави дека никој од наша страна не се обидел да најде разбирачка.
Двете страни доцнат со спроведување на свои обврски, двете страни имаат интерес да не создаваат дополнителен отпор против договорот, и двете страни имаат интерес од непречено преминување на границата.
Дури и да нема разбирање, а би требало да има, постојат многу правни аргументи и од аспект на билатералниот договор и Виенската конвенција за договорно право, и од аспект на човековите права, вклучувајќи ја слободата на движење, како меѓународни норми јус когенс, на кои можеме да се повикаме, за да се реши проблемот на македонските граѓани.

Преспанскиот договор е обврска на двете потпишани страни, тој е жив процес и потребна е негова доследна имплементација низ добра волја и пријателство.
Оттука, како што Договорот не може да биде алиби за неспособноста на системот да одговори на базичните потреби на граѓаните, согласно закон, создадениот колапс не може да биде оправдување за негација на неговата суштина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...

Поднесена иницијатива за смена на актуелниот претседател Перо Антиќ

Во Кошаркарската федерација на Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Иницијаторите...