6.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаБитиќи: Направивме договор со кој што за граѓаните обезбедуваме поевтина струја за...

Битиќи: Направивме договор со кој што за граѓаните обезбедуваме поевтина струја за наредните 25 години

Тој интерконектор којшто ќе се изгради и за пет години ќе го има, знаете зошто ќе има поевтин гас во Македонија… Затоа што имаме резервиран капацитет за наредните 15 години на доволни количини на гас за да бидеме самостојни како држава, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи на „Топ тема“ на Телма. Тој додаде дека факт е дека е направен договор со кој што за граѓаните се обезбедува поевтина струја за наредните 25 години.
Невистина е дека сме испреговориле модел којшто не гарантира поевтина цена. Формулата која што сме ја испреговарале гарантира поевтина цена – потенцираше Битиќи.

Вицепремиерот рече дека за прв пат се случува една влада да води разговори за инвестиции во енергетиката на институционален начин, наспроти било која друга влада до 2017 година, која што разговорите ги водела вонинституционално.

-Вонинституционално, за јавноста, значи, да се соберете во едно кафуле и да разговарате за иднината на вашите проекти или во некоја „Палата“ – потенцираше Битиќи.

Тој појасни дека институционалниот начин значи водење на преговори за бенефит на државата и бенефит на граѓаните.

-Во институционалните преговори, кога две и пол години преговарате институциите се вклучени, не човекот. Битна е институционалната меморија, битно е кој од институциите бил вклучен и какви мислења во тој период се дадени. Сите закони кои што имаат отидено во собраниска процедура се поткрепени со мислење од релевантните институции за кои што законот изискува да се донесат. Имаме ситуација во која во нашата земја се меша политиката и тогаш имаше политички компромис дека независно, иако Министерство за економија е ресорно министерство за енергетика би требало да биде носител на проектите, ние се договоривме јас како координатор на комисијата за стратешки инвестиции како вицепремиер ќе ги застапувам проектите во Собрание – посочи Битиќи.

Тој истакна дека за енергетските инвестиции држава не се води според апетитите на една „Палата“, туку дека го бранат интересот на граѓаните.

-Струјата е наша и тоа е умешноста на преговарање. Држава не се води според апетитите на една Палата, држава се води на структуиран начин и на институционален начин. Морам да го бранам интересот на граѓаните, мора да обезбедам иднина за нашите деца, мора да обезбедам чист воздух за нашите деца – рече Битиќи.

Тој додаде дека затоа ќе има Стипион во Штип, во Пехчево, затоа ќе има една хидроцентрала којашто ќе балансира низ целата држава.

-Нашата држава ќе купи електрична енергија во која што ќе направи профит од таа електрична енергија затоа што ќе се користи за да се надомести недостатокот на електричната енергија и да се направи енергетската транзиција. Поставената формула е во полза да нуди секогаш поевтина цена – заклучи Битиќи.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...