13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаДиректорот Тасевски на примопредавање на опрема за граничната полиција од Сојузна Република...

Директорот Тасевски на примопредавање на опрема за граничната полиција од Сојузна Република Германија

Директорот Тасевски на примопредавање на опрема за граничната полиција од Сојузна Република Германија

Во рамки на соработката помеѓу Министерствата за внатрешни работи на Сојузна Република Германија и Република Северна Македонија денеска амбасадорката Петра Дрекслер предаде дополнителна полициска опрема на Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија, претставувано од директорот на Бирото за јавна безбедност, д-р Сашо Тасевски, при што во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово, се спроведе официјална церемонија за примопредавање на опремата, на која соодветно беше презентирана донираната опрема.

Пред одржувањето на церемонијата се реализираше и билатерална средба помеѓу амбасадорката Петра Дрекслер и директорот на Бирото за јавна безбедност д-р Сашо Тасевски, на која беше разговарано за одличната оперативна соработка помеѓу полициите на двете земји, која се спроведува помеѓу соодветните служби во рамки на Бирото за јавна безбедност и Канцеларијата за врски на германската Сојузна полиција во рамки на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, како и за намерата за продолжување на поддршката од германска страна за Министерството за внатрешни работи во иднина.

Поддршката е со вкупна вредност од околу 210.000 евра и опремата е набавена од страна на Сојузната полиција. На Граничната полиција на Република Северна Македонија и се предаваат пет патролни возила, еден минибус, како и уреди за проверка на документи. Освен тоа, во Центарот за обука на МВР во Идризово со нов мебел и техника се опремени две училници за обуки.
Од 2020 година германската Сојузната полиција ги поддржува колегите од Република Северна Македонија со полициска опрема и тоа со вкупна вредност од преку два милиони евра.
Помошта во вид на опрема се реализира преку Канцеларијата за врски на германската Сојузната полиција во Скопје и со тоа се нуди поддршка на Гранична полиција на Република Северна Македонија уште поефикасно да се справи со предизвиците при сузбивањето на прекуграничниот криминал.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...