6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСинот и снаата наместо извод од матичната книга на родени добиле извод...

Синот и снаата наместо извод од матичната книга на родени добиле извод од матичната книга на умрени.

spot_img

Синот и снаата на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски наместо извод од матичната книга на родени добиле извод од матичната книга на умрени. Јакимовски одржа прес-конференција пред просториите на Управата за водење на матични книги на која кажа дека поради некадарни и несовесни партиски вработувања од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, оваа институција е нефункционална.
Денот на нивната венчавка е впишан како ден на нивната смрт. Овие млади луѓе се во шок, можете да замислите секоја годишнина од бракот на што ќе ги потсеќа“, рече Јакимовски.
Потпишана е Диана Аксентиевиќ, веројатно кадар на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ бидејќи не е Албанка, не може да е на ДУИ. Ете што имаме во институциите кога се вработуваат партиски луѓе кои лепеле плакати. Некој што е совесен со домашно воспитување и што е посветен на својотата работа нема да направи ваква грешка. Малку останавме политичари од Титово време што знаат како функционирала државата, се друго резултат на пристрасна кампања и лепење плакати“, рече Јакимовски.

ГО УБЕДУВАЛЕ СИНОТ ДЕКА ПОЧИНАТИОТ ТАТКО БИЛ ВОНБРАЧНО ДЕТЕ, ОТКАКО ВО УМРЕНИЦАТА МУ ГО ЗГРЕШИЛЕ ПРЕЗИМЕТО
ГРАЃАНИТЕ НЕ ГИ ПОПОЛНУВААТ БАРАЊАТА КАКО ШТО ТРЕБА, ВЕЛАТ ВРАБОТЕНИТЕ ОД МАТИЧНО ЗА ДЕСЕТИЦИТЕ ИЛЈАДИ ЗГРЕШЕНИ ИЗВОДИ

САКАМДАКАЖАМ.МК објави серија текстови за грешни изводи кои ги издаваат вработените во Управата за водење матични книги. Масовните поплаки од стотици граѓани што ги контактиравме се однесуваа за згрешени изводи на родени што ги вадат од Управата, има премногу и за згрешени изводи на венчани, но најморбидна е состојбата со згрешените посмртници.

Состојбата и тука е алармантна, зашто има живи сопружници кои и 5 години по смртта на брачниот другар не може да извадат посмртница, или посмртница без згрешени податоци, и со години да не може да остварат пренос на пензија.

Луѓето што имале проблем со вадење на извод на умрени за родител или друг близок член од семејството, имаат навистина пеколни приказни. Не е само пензијата проблем. Со месеци и со години не може на починатите да им ги одјават сметките во банка, за телефон, па принудени се да ги плаќаат со години. Некаде, додуша и да заглават кај извршител.

А. АНТЕВСКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...