23.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски од Охрид: 650 евра плата не е доволно, во новиот мандат...

Ковачевски од Охрид: 650 евра плата не е доволно, во новиот мандат обезбедуваме 1.000 евра просечна плата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска просечната плата изнесува 650 евра или речиси 300 евра повеќе од 2017 година, некој ќе рече не се доволни и јас се согласувам, знам дека не е доволно и затоа во новиот мандат обезбедуваме 1.000 евра просечна плата и 600 евра минимална плата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вчеравечер од Охрид.

<

-Некој ќе рече ниту 650 евра не се доволно. И јас се согласувам со тоа. Да, така е!
И јас сум дел од нашите граѓани, и јас знам луѓето со какви предизвици се соочуваат во секојдневието. Знам дека не е доволно. Затоа, во нашата предизборна програма се обврзуваме да ги зголемиме платите и пензиите, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата. Ова се сериозни и издржани проекции на нашиот економски тим и тоа ќе се случи. Исто како што се случи и ветувањето дека до 2024 година просечната плата ќе биде најмалку 500 евра, а достигна 650 евра. Исто како што просечната пензија ја зголемивме за 6.400 денари, а минималната пензија за 50%. Така пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ, рече Ковачевски.

Ние не ги оставивме граѓаните и компаниите сами да се справуваат со кризата и не спрведувавме активна блокада туку го заштитивме стандардот на луѓето, додаде тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...

Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија,...

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците

Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без...