33.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонците купуваат мед само кога се болни

Македонците купуваат мед само кога се болни

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Последниве десет години опаѓаат приносите на мед. Претседателот на пчеларското здружение „Матица“ од Скопје, Душан Чорбиќ, вели дека минатата година била нешто подобра, кога, во просек, имало по 15 килограми мед од кошница. За весникот ВЕЧЕР vecer.press, тој изјави дека годинава пчелите се добри и здрави и се надева на добра година.

<

Најголем проблем за пчеларите, според Чорбиќ, е што се продава фалсификуван мед по пазарите, по улиците и маркетите и очекува институциите да си ја вршат својата работа и да проверат. Тој вели дека засега има доволно пчели и доволно мед за да се задоволи македонскиот пазар.

Чорбиќ констатира дека нашиот народ сè уште купува мед само кога е болест во прашање, а не превентивно. Но, сепак, нагласува дека луѓето полека сфаќаат дека тоа е најприродното и најчисто нешто, кое не се расипува и во кое нема конзерванси и додатоци, а е полезно за здравјето. Во тоа, вели тој, секако, улога имаат и нутриционистите, кои објаснуваат за придобивките од медот.

Пчеларот Христијан Аврамовски е задоволен од приносот на мед минатата година.

– Имавме реално голем принос на ливадски мед, а помал на шумски мед. Годината беше врнежлива, а имаше и сонце, што влијаеше поволно – објасни тој.

И тој потврди дека просекот на приносот на мед минатата година бил од 13 до 15 килограми од кошница, додека со селење – и до 25 до 30 килограми мед. Аврамовски вели дека наглото менување на времето од многу ладно во топло неповолно влијае на приносот на мед, а и се пожали дека мечките во повисоките делови им прават штети. Конкретно зборуваше за делот меѓу Македонски Брод и Прилеп, селото Долгаец, од каде што е неговиот мед.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...