16.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаСтојанче до Ахмети: Внимавај со заканите, Мицкоски не е сам !!!

Стојанче до Ахмети: Внимавај со заканите, Мицкоски не е сам !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако Ахмети на митингот во Скопје упадни погрдни зборови кон лидерот на Вмро Дпмне се огласи и Стојанче Ангелов.
Во продолжение ви ја прикажуваме неговата изјава.

<

АХМЕТИ, КРЕВАЈ “РАЧНА” КОЧНИЦА СО ВРЕМЕ!
На синоќешниот митинг на ДУИ во центарот на Скопје, поранешниот командант на УЧК и сегашен претседател на ДУИ Али Ахмети упати отворена и директна закана до Христијан Мицкоски, која беше придужена со скандирање “УЧК, УЧК, УЧК….“ на кое се придружи и самиот Ахмети силно викајќи “УЧК, УЧК, УЧК…“

Мислам дека не треба да потсетувам какви емоции кај Македонците буди спомнувањето на УЧК и тоа во центарот на Скопје, на самиот скопски плоштад, додека присутните вееја безброј албански знамиња и знамиња на УЧК, без ниту едно единствено македонско знаме.

Затоа, му порачувам на Али Ахмети да биде внимателен со заканите! Мицковски не е сам! Зад него стои ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија“. Зад него стои и убедливо мнозинство од македонскиот народ но и убедливо мнозинство од нас, македонските бранители од 2001-та! Истите оние Бранители кои во воената 2001 ве поразија во сите битки на бојното поле, истите оние Бранители од кои ве спасуваа странците додека вие мавтавте со бели знамиња во Арачиново. Затоа со време кревајте рачна кочница. Бидејки, како што секојдневно укажува токму Мицкоски, се ближи времето за одговорност за сето она што ДУИ и го направи на Македонија, почнувајќи од 2001-та па се’ до денес!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија . Жителите на селото Октиси од синоќа не ја напуштаат линијата на фронтот...

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...