7.4 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаДемири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски.

Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски.

Министерот за здравство Илир Демири денеска на прес-конференција најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски. Тој рече дека пред извесен период бил прашан од новинар за состојбата на Клиниката за токсикологија каде, како што му било кажано 18 вработени не примиле плата четири месеци и дека во истата институција има за жал и навреди на национална основа.
Просто не можев да поверувам, дури мислев и дека е провокација. Многу ми е жал, три недели ја испитав ситуацијата. За жал, констатацијата е вистината. Длабоко сум уверен дека луѓето кои ги користат ваквите испади и навреди не го мислат тоа. Навреди на национална основа. Не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Ќе преземам сериозни мерки, директорот медицински денеска ќе го разрешам од позицијата, иако сме влезени во изборите, изјави Демири.

Министерот за здравство во врска со работењето на организацискиот директор на Токсикологија, рече дека кај економската директорка нема констатирано ниту едно прекршување на право.

Тој нагласи дека е министер за здравство и сите несогласувања „треба да дојдат тука, а не да се искористат за дневни политички цели“.

Демири посочи дека денеска потпишал решение со кое бара длабоко истражување од надлежните институции во врска со вработувањата во јавното здравство.

Прашан дали анонимни писма пуштени вчера во име на вработени, се користат да се одвлече вниманието, дека се исплатени илјадници денари на сметка на луѓе кои не работеле, Демири одговори дека има такви информации. Тој рече дека имало и информации дека се пишувале повеќе работни саати „за да се исплатат луѓе кои се нивни приврзаници“.

На прашањето зошто организациската директорка на Токсикологија денеска не даде изјава на македонски јазик, туку само на албански, додека новинарите беа на Клиниката за токсикологија, министерот кажа дека самиот рекол да не се даваат изјави.

– Оти ако ме забележувате, колку сум воздржан во тоа што го кажувам. Ако има потреба, ќе даде и со преведувачи, одговори Демири на новинарско прашање.

За појавени фотографии на социјалните мрежи со паркирано возило на влез на клиниката, Демири искоментира дека не организациска директорка, министер да е, не смее да паркира на влез на клиника.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...