6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСо една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

spot_img

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може да го прехрани своето семејство ако работи само една работа во текот на денот.

Ова зголемување е речиси 60 отсто во однос на јануари 2022 година кога кошничката изнесуваше нецели 36.000 денари. Taa ги вклучува минималните трошоци за храна, облека, станарина, режиски трошоци, грижата за здравјето, транспорт, образование и други потреби..

Ако во 2022 година на едно семејство му била потребна една минимална плата и половина за да го преживее минимално месецот, во моментов на четиричлено семејство ќе му требаат две и пол минимални плати. Во исто време, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година изнесувала 38.359 денари. Ова значи дека на едно семејство со само еден вработен му недостигаат над 19.000 денари за да може да преживее.

Ако семејството плаќа кирија или станбен кредит, тогаш ситуацијата е уште поалармантна.

Просечната цена за стан од 50-60 метри квадратни во Скопје е 250 евра месечно, а 30-годишниот Мартин од населбата Ченто во Гази Баба плаќа 200 евра за двособен стан во кој живее со сопругата и едно дете. Со неговата плата од 35.000 денари може да си дозволи само да ги плати режиските трошоци и сметките кои со кирија, електрична енергија, вода, интернет и одржување на зграда изнесуваат 20.000 денари.

– Со останатите 15.000 денари треба да јадеме сите. Не дај боже да се појави непредвиден трошок за лекување, поправка на возило или проблем со техниката во станот. Животот под кирија е тежок и затоа морам да работам дополнително, односно да останувам неколку часа повеќе на работа за да извадам уште половина од платата. Ако не одработам повеќе часови во текот на неделата, тогаш одам во сабота затоа што имам екстра дневница. Време за семејството немам затоа што морам да ги покријам трошоците за живот кои во последните две години се зголемија двојно – вели Мартин кој е механичар и работи во сервис за камиони.

Овие семејства ги купуваат само основните прехранбени производи и наместо квалитет одбираат најниски цени. Кога купуваат облека, секогаш предност им даваат на производите кои имаат попуст. Имаат еден автомобил и користат јавен превоз со најмалку еден месечен билет. Луксуз е јадењето во ресторани, дури и храната од сендвичара.

Во земјава, сиромаштијата расте. Бројот на граѓани кои живеат во екстремна сиромаштија, со под 60 денари на дневно ниво, годинава се очекува да порасне од 12.000 до 28.000 лица, односно помеѓу 20% и 50% отсто повеќе од преткризната состојба, кога во екстремна сиромаштија живееле 50.000 граѓани, се вели во студијата „Влијанието на инфлацијата врз сиромаштијата во Република Северна Македонија“, во авторство на економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ.

„Кога станува збор за младите, ги интервјуиравме оние кои живеат со семејството, и оние кои што работат, а тие велат дека за да може да си го дозволат сето она што им е потребно како млади лица, мораат да работат по две, а понекогаш и по три работи. Младите не размислуваат на купување на облека, брендирана облека туку ги купуваат алиштата „на втора рака“ за да можат барем комотно да го преживеат месецот“, вели Сашко Иванов од Македонската платформа против сиромаштија.

Пресметките покажуваат дека со две минимални плати се покриваат само 71,4 отсто од минималната кошничка додека една просечна плата покрива само 69,9 отсто.

Клучен проблем е како семејство каде што двајцата родители се со минимални примања ќе дојдат до средства за да располагаат со најнеопходните и минимални 57.476 денари.

Според податоците на ССМ заклучно со октомври 25 илјади работници примиле минимална плата која изнесува 20.175 денари.
За да преживее едно семејство потребни му се две просечни плати, бидејќи со една минимална и една просечна не може да се покријат месечните трошоци. Еден од родителите во четиричлено семејство ќе мора да работи двојно повеќе за да може да ги покрие горенаведените трошоци.

Извор4news

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...