12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонија„Постојат начини да ѝ го вратиме на државата нашето старо уставно име...

„Постојат начини да ѝ го вратиме на државата нашето старо уставно име ’Македонија’.-Милошоски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Комплицирано е, но постојат начини да се врати старото уставно име, вели во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг, поранешниот шеф на дипломатијата и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

<

„Постојат начини да ѝ го вратиме на државата нашето старо уставно име ’Македонија’. Сепак, сите тие се многу комплицирани. Една можност би била нашиот Уставен суд да го прогласи договорот за ништовен и неважечки. Ова може да се направи врз основа на минатогодишниот референдум, на кој немаше мнозинство за укинување на старото име“, вели Милошоски.

За него постои уште една можност, а тоа е преку пратениците кои „под закана и притисок, против својата волја гласале за преименувањето. Доколку тие најдат храброст по промената на власта, јавно да проговорат за тоа и да сведочат пред Јавното обвинителство, тоа може да ја промени атмосферата и да обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот за враќање на стариот Устав“, објаснува Милошоски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека земјата нема перспектива за полноправно членство во ЕУ и ќе нема уште долго време.

„Реалноста е дека за Франција и други земји-членки, проширувањето на ЕУ не е приоритет, туку се смета за товар. Под такви околности, полноправното членство во ЕУ во следната деценија е затворено, а можеби и за уште подолг период“, проценува Милошоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...