16.9 C
Ohrid
среда, октомври 23, 2024
ПочетнаМакедонијаГордана Сиљановска-Давкова: Помилуваните личности се навистина интересни во негативна смисла

Гордана Сиљановска-Давкова: Помилуваните личности се навистина интересни во негативна смисла

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека помилуваните личности се навистина интересни во негативна смисла на зборот и оти како што сега видела, тоа е факт. Вчера, претседателката донесе одлука за помилување на десет осудени лица, при што на тројца казната затвор им се заменува со условна казна, а седум делумно се ослободуваат од издржување на останатиот дел од казните.

во работата на Комисијата. Точно е дека го имам последниот збор но мора да се има ова предвид“, рече Силјановска-Давкова.

Акиф Равманоски, познат и како Акиф Јусуфи, бил осуден за поседување нелегално оружје, а е дел од истрагата како осомничен за вооружен напад на скопјанец од пред осум дена, додека сè уште бил затвореник во „Идризово“. Неговата затворска казна е заменета со условна осуда. Со условна осуда е заменета и затворската казна на Шенол Маслани, кој во 2019 година беше уапсен во акција на полицијата како дел од група, која наводно му се заканувала на полициски службеник и пуштала во продажба наркотични дроги, но тогаш не му беше поднесена кривична пријава.

Со условна осуда му е заменета и затворската казна на охриѓанецот Никола Трпчески. Според одлуката објавена вчера во „Службен весник“, делумно ослободен од понатамошното издржување на затворската казна е ексградоначалникот Талевски, исто како и Мухарем Али од Скопје, Тодор Попов од Миравци, Томислав Симеонов од Скопје, Перо Кузмановски од Градско, Живко Делиџаков од Богородица, и Марјан Ефремов од Скопје, првообвинет во аферата „Шпион“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Партијата на Љубчо Георгиевски со апел до Давкова: Да ги помилува и ослободи и затворените од случајот „27 април“

Апел од ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да ги помилува и ослободи и затворените за случајот „27 април“. Апелот на партијата која...

Сиљановска Давкова го помилува Талески, од затвор ќе излезе една година порано

Претседателката Гордана Силјановска Давкова го помилува поранешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески. Тој беше во затвор за случајот „Транспортер“ и доби намалување од една...

Скопјанец ја пријавил сопругата во полиција, оти го тепала во трговски центар.

На 20.10.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, 50 – годишен маж од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот во трговски центар на подрачјето...

Давкова го помилуваше и Шенол Маслани, брат на Шенки Версаче

Претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова денеска го помилуваше Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки кој од глава до пети е облечен во „Версаче“,...