17.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаСветПретседателот Бајден помилува две мисирки со бели пердуви !!

Претседателот Бајден помилува две мисирки со бели пердуви !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден помилува две мисирки со бели пердуви, Пич и Блосом, да не завршат на трпеза за Денот на благодарноста, годишна традиција што го означува почетокот на последната празнична сезона за демократите во Белата куќа.
Мисирките што беа помилувани го добија името по цветот на праската, кој е симбол на државата Делавер“, изјави Бајден, кој по потекло е од таа држава, пред толпата на тревникот пред Белата куќа.

<

Тој додаде дека овој настан го означува официјалниот почеток на празничната сезона во Вашингтон.

„Исто така, ова е последен пат да зборувам тука како ваш претседател, во текот на оваа сезона, и да ви ја пренесам мојата благодарност. Затоа, дозволете ми да ви кажам, тоа беше честа на мојот живот, вечно сум благодарен“, рече Бајден, пренесе Ројтерс. Бајден рече дека мисирката Пич тежи 19 килограми, додека Блосом тежи 18 килограми.

Помилувањето мисирки пред Денот на благодарноста, кој во САД се слави во последниот четврток во ноември, датира од претседателот Хари Труман во 1947 година, додека официјално стана традиција во Белата куќа во 1989 година, кога тогашниот претседател Џорџ Буш го изврши првото официјално претседателско помилување.

Најавено е дека Бајден подоцна денеска ќе отпатува за Стејтен Ајленд, Њујорк, за да присуствува на настанот „Ден на пријателите“ со членовите на американската крајбрежна стража.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...

Мицкоски, Деребан и пратеникот Јаулоски во Лабуништа, поддршка и разговори за идни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулоски остварија посета на пријателска Лабуништа. Во срцева атмосфера разговараа со мештаните за...