Бојан Јовановски познат како Боки 13 во интервјто за ТВ Пинк најави дека јавноста наскоро ќе дознае кое е лицето од Србија кое го уништило и морално, емотивно и материјално.
Тоа е личност од Белград. Тој лик кога сево ова ми се случи, ме украде и дека тогаш видов што значи човечко дно, рече тој.
Што ми украде и како тоа се случи ќе дознае цела Србија бидејќи тоа е монструозно – рече Јовановски кој наскоро најави и документарен филм за него.
Вели дека здравствената состојба дополнително му се влошила во затвор бидејќи немал услови да се лечи и да добива медицинска нега.
Мојата состојба не би му ја посакал ни на најголемиот непријател. Можеби само малку, да видат како е на оние кои кумуваа да бидам јас во затвор за да го спасат својот политички задник.
СПОРТ
Боки 13 ЌЕ ГО ОТКРИЕ СРПСКИОТ МОЌНИК кој го уништил емотивно и материјално
Vecer | 12.12.2024

Ладно, облачно, магливо со дожд и снег… ВИКЕНД ПРОГНОЗА
Ладно, облачно, магливо со дожд и снег… ВИКЕНД ПРОГНОЗА
На Љупчо му текна откако САД го стави Беџети на црна листа
На Љупчо му текна откако САД го стави Беџети на црна листа
Бев итно опериран и едвај останав жив. Дваесетина минути ме делеа од сигурна смрт. Благодарение на хирургот кој ме оперираше на 8 септември 2020 година јас денеска сум жив. Бев нападнат и во затвор. Преживеав сешто, се присети Јовановски.
„Операцијата“ како што го нарекува неговото апесење била организирана со политички цел.
Се пишуваше и дека политичари од Србија се замешани. Ѓилас беше во канцеларија кај мене, беше и кај Заев. Во право се кога велат дека српската опозиција го презеде моделот од Шарената револуција во Македонија. Важно е да не се потлекне на манипулациите затоа што првата жртва од таквите манипулации бев јас. Српските политичари кои доаѓаа кај мене имаа контакти со тогашниот премиер Заев. Политичката операција која сега се случува во Србија беше планирана уште тогаш и јас бев сведок на тоа. Тогаш бев близок со тој што ме чинеше живот, мислам на Заев. Тој имаше блиски врска со српската опозиција-oткри Боки за ТВ Пинк.
Јовановски беше прашан и дали можел да се посомнева дека човекот со кој бил многу близок на крајот ќе му го направи тоа што му го направи.
За жал во политиката се може да се очекува. Не треба да имаш многу доверба. За жал јас имав и доверба, вложив многу труд, енергија. Вложив се што имав и изгубив се што имав–раскажа Јовановски.
© Vecer.mk,