12.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопјанец кој дарувал крв повеќе од 20 пати добил налог од извршител...

Скопјанец кој дарувал крв повеќе од 20 пати добил налог од извршител за 8235 денари!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кенан Абди, скопјанец кој досега дарувал крв повеќе од 20 пати, сподели непријатно искуство кое го доведе во дилема дали ќе продолжи со оваа хумана активност. Проблемот настанал по последното дарување во февруари, кога поради административен пропуст добил казна од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“.

<

„До сега имам дарувано над 20 пати крв. Речиси секогаш дарувам во „Даре Џамбаз“ и се паркирам на паркингот пред самиот влез. Тие пуштаат СМС и така паркингот е бесплатен за крводарителите. Но, претпоследниот пат, во февруари, дарував на истото место, но заради големата гужва, заборавиле да пратат СМС“, раскажува Кенан.

По обидот да ја реши ситуацијата, му било речено дека ако приложи потврда за дарување крв, жалбата ќе биде прифатена. Но, наместо тоа, добил налог од извршител за износ од 8235 денари, што го вклучува долгот за казната и трошоците за извршување.

Не само што ме одбиле, туку на адресата ми доставија налог од извршителот. Како можеле вчера навечер да го донесат директно на врата?“, прашува Кенан, кој ја критикува институцијата и вели дека извршителите се „рак-рана на општеството“.

Оваа ситуација ја отвори дискусијата за тоа како институциите ги третираат крводарителите и дали нивната хуманост заслужува поголема заштита и почит- јавува 4 news.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кумановска компанија донираше амбулантско возило за болницата во Куманово !!

Општа болница Куманово денеска доби донација, едно амбулантно возило од кумановска компанија. На примопредавањето на донацијата присуствуваше Министерот за здравство Арбен Таравари. Министерот кажа дека...

Спикерот Гаши се „зачлени“ во библиотека

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска повторно се „зачлени“ во библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Ова следуваше по топлиот пречек при посетата на оваа...

Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!

Симона Стојкова – жената по која цела држава трагаше, воопшто не ни била пријавена за исчезната во полициска станица. Таа ноќеска се огласи на својот...

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...