13.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаНе се роднини, ниту се познаваат: Докторка донираше клетки за пациент со...

Не се роднини, ниту се познаваат: Докторка донираше клетки за пациент со Леукемија.

spot_imgspot_img

На Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје Денеска се реализира несекојдневен чин на храбост и човекољубие, кога млад семеен лекар донираше хематопоетски матични клетки со кој ќе спаси живот на пациент кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест, а трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција.

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја посети донорката на матични клетки, млада девојка, воедно и докторка, на која ѝ се заблагодари на извонредната храброст и несебична посветеност да спаси туѓ живот.

Нејзиниот чин на хуманост и солидарност е надеж, потсетувајќи нè на моќта на заедницата и љубезноста во моментите кога тоа е најпотребно. Им честитам и на колегите од Клиниката за хематологија кои ја практикуваат оваа современа метода во медицината со која еден човек има шанса за нов почеток – изјави министерот Меџити.

Директорката на клиниката за хематологија изјави дека станува збор за редок пример, донорот на матични клетки и пациентот кој треба да ги прими да не се во роднинска врска, ниту се познаваат, а нивните клетки да се совпаѓаат.

– Денешниот чин на докторката е уште еден чекор до задоволството да се биде лекар и да се спасуваат животите на луѓето. Младата докторка која е донор на матичните клетки, во Македонскиот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина при Институтот за имунологија и хумана генетикиа, се пријавила уште кога била студент по медицина, а минатиот месец беше идентификувана како евентуален донор. Не се двоумеше ниту миг, веднаш се согласи да му даде шана за живот на пациент кој не го познава, а боледува од акутна леукемија – изјави д-р Ирина Пановска Ставридис.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...