24.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаМеџети: Не сме попаметни од Словенците, сите 66 директори на Клиничкиот центар...

Меџети: Не сме попаметни од Словенците, сите 66 директори на Клиничкиот центар треба да се разрешат, а заедничките служби да се укинат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Приоритет од првиот ден ми е спојување на Клинички центар, што како пример и референтен центар ми е Словенија и Љубљана како клинички центар, истите жители, истата географска големина. Ние не сме ни попаметни, ни побогати од нив и мислам дека треба да следиме нив, не треба да откриеме топла вода, вели министерот за здравство Фатмир Меџити од денешната седница на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија, во македонското Собрание, додавајќи дека ние сме земја која што има 66 директори на еден метар квадратен.

<

Меџити истакна дека овие 66 директори на универзитетските клиники во Клиничкиот центар во Скопје треба да се разрешат и дека треба да се укине и Службата за заеднички работи која во изминатиот период ништо не работи освен што од година во година ги зголемува долговите.

„Јас сум за тоа дека треба да се тргнат овие директори и сите тие јавни набавки да бидат на ниво на еден заеднички клинички центар а не со Заеднички служби кои ништо не работат, не ги знаат одговорностите, само се загубари и од година во година ги зголемуваат долговите. Затоа ова е конкретна јасна мерка и во иднина ќе видите дека ова ќе биде реалност и како ќе се справиме со сите овие нерегуларности и за кои и јас потполно се согласувам“, рече министерот Меџити.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Србија: Татко со трактор го прегази своето едногодишно дете

Во село Селенча во Србија се случи страшна трагедија, кога татко, управувајќи со трактор, ненамерно го прегазил своето едногодишно дете, кое починало на самото...

До 10 јули ќе биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид- Вели премиерот Мицкоски.

Очекувам до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Битола при посетата за почетокот на...

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...