1.8 C
Ohrid
вторник, март 18, 2025
ПочетнаМакедонијаСе бара притвор за 14 лица, меѓу нив е и ексминистерот Бектеши

Се бара притвор за 14 лица, меѓу нив е и ексминистерот Бектеши

spot_img

Јавното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за 14 лица, осомничени во случајот во која загинаа 59 луѓе во пожарот во Кочани.

<

Во моментот се приведени и задржани 14 лица во полициските станици, меѓу кои е и поранешниот министер Крешник Бектеши. Државниот обвинитиел Љупчо Коцевски рече дека одговорност кај осомничените ќе се утврдува согласно доказите.
Тој информираше дека најголемиот дел од осомничените се испитуваат за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето“, за кое се предвидени затворски казни од најмалку 3 до најмногу 20 години. Се испитува давање поткуп, како и незаконска набавка на пиротехнички средства.

Во оваа фаза од постапката може да им биде одреден само 48-часовен притвор, но по формално отворање на истрагата, постои можност притворот да биде продолжен и на 30 дена.

„Полицијата е овластена да уапси секого, без разлика на последицата, а кој допринел со неговото однесување“, рече Коцевски.

За лицата кои се во тешка здравствена состојба, а се осомничени, постапката ќе продолжи штом тие бидат подобро.

Коцевски уште еднаш вети дека истрагата ќе биде брза и ефикасна, дека ќе бидат изнесени пред суд сите одговорни за овој немил настан. Тој нагласи дека ја разбира тагата и гневот кај граѓаните, рече дека и тој како обвинител го чувствува истото, но дека во овој момент потребно е да се обединиме.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За неколку часа над 120 Бугари даруваа крв во болницата Пирогов за настраданите од трагедијата во Кочани

Само во првите два часа повеќе од 120 луѓе дарувале крв за настраданите во трагедијата во градот Кочани, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. До крајот на...

Се бара слобода за обезбедувачите на дискотеката во Кочани, осомничени оти пуштиле малолетници

Група кочанчани, меѓу кои и лица кои се спасиле, а биле во дискотеката која одзеде 59 животи, бараат слобода за обезбедувачите. Тие и вчера...

Роби Телекабел донираше 1.000.000 денари за немилиот настан во Кочани.

Не поднослива е болката и тагата за загубата која се случи во Кочани. Изгубивме пријатели, колеги, изгубивме животи што требаше да бидат силата на нашиот...

Градоначалникот на Кочани засега не е осомничен, по распитот пуштен е да си оди дома.

Градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов, нема статус на осомничено лице во постапката каде се утврдува вина за работата на дискотеката и пожарот...