10.9 C
Ohrid
понеделник, септември 16, 2024
ПочетнаМакедонијаОркестарот на Танец освои Гранд При во Париз во конкуренција од 350...

Оркестарот на Танец освои Гранд При во Париз во конкуренција од 350 учесници

После неколкунеделни подготовки, минатата седмица, оркестарот на „Танец“ составен од десет врвни инструменталисти под музичко водство на Дарко Илиевски, а придружуван од уметничкиот раководител на инситуцијата Бранка Костиќ-Марковиќ, се закити со престижната награда, Гранд При на Меѓународниот фестивал на уметностите “Les Etoiles De Paris”. Во конкуренција на 350 учесници, со врвен настап, оркестрантите на “Танец” го освоија четиричленото меѓународно жири и публиката, и беа апсолутни победници и миленици на целиот фестивал. Нивното музицирање, и во официјалниот дел и на гала концертот беше проследено со овации.
После успешниот настап, уметниците на „Танец“ беа во посета на македонската амбасада во Париз, на покана на амбасадорката Јадранка Чаушевска Димов.
После остварувањето на главната мисија за успешно претставување во француската престолнина, музичарите уживаа во прошетката низ познатите париски улици и во посетата на најважните културни знаменитости.
Она што е најважно, „Танец“ уште еднаш потврди дека е вистински репрезент на македонската култура во светот. Ова семејство од колеги може да се гордее со своите професионални и лични заложби и да биде пример за сите генерации уметници.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Скопје: Постариот брат го тепал помалиот, а помалата сестра ја претепала постарата..

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра...

Владата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да...

Штипската Миа Калифа по само 9 дена исфрлена од реалното шоу

Моника Станојкова по само 9 дена од влегувањето во реалното шоу “Елита 8” синоќа на првата елиминација беше кандидат со најмалку гласови од публиката. Нејзиното...

Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров државен јуниорски првак

Во поединечна конкуренција на Државното првенство во кајак на мирни води што викендов се одржа во Струга, Кристијан Лазаров член на ККК „Арка-Борец“ од...