Полуголите гости во свингерскиот клуб се нашле на улица во Германија, бидејќи објектот во кој биле бил евакуиран.
Во саботата на 2-ри ноември во околу 21 часот Итната помош примила повик, а свингерите панично рекле дека пронашле едно лице без свест во една од просториите на клубот.
Кога дошле спасувачите, било откриено дека во просторијата има големи количини на јаглерод-моноксид.
Гостите веднаш биле оддалечени од клубот и им била укажана медицинска помош. Вкупно биле хоспитализирани седум лица.
Спасувачките служби од таа причина ја евакуирале цела зграда, односно 350 луѓе.
Евакуираните свингери морале да го чекаат крајот на операцијата надвор, и тоа замотани во пешкири. Останатите гости биле згрижени и прегледани во автобуси и шатори.
Уште не е јасно како јаглерод-моноксидот протекол во свингерскиот клуб.
“Сите мерења на пожарната служба беа негативни”, рекле спасувачите.
Во моментов се бара причината за протекувањето. На самото место имало вкупно 100 спасувачки тимови.