19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаНа глупостите им нема крај: Скопје ќе добие нов забавен парк со...

На глупостите им нема крај: Скопје ќе добие нов забавен парк со 24 реквизити, вреден околу 11 милиони евра

На старата локација на забавниот парк ќе се изгради нов тематски забавен парк наречен „Свет“ – треба да биде догодина готов, ветува градоначалникот на Град Скопје. Ќе се простира на 26 000 кавдратни метри. Градските власти уверуваат дека со овој зафат нема да биде унишетно ниту едно дрво или зеленило. Во новиот забавен комплекс ќе бидат сместени 24 модерни реквизити, дел од нив адреналински. Досега се набавени седум по цена од околку 4 милиони евра.

Проектот е со потпис на италијанска фирма, „Студио архитект“,  а авторот на студијата Франко Барцани вели дека реализацијата на целиот забнавен комплекс би чинела околу 11 милиони евра.

v4MaWDiHbh nov zabaven park vo skopje so 24 razlicni rekviziti

Скопје не е Њујорк, па да гради парк од типот на Дизниленд. Мислам дека ова е добар проект и соодветен за Македонија. Паркот ќе има 24 реквизити, вклучувајќи го и популарниот ролер костер. Овој парк ќе биде наменет за цело семејство. Всушност, 80% од паркот ќе биде детско-семејна област, а останатите 20% ќе биде адреналински дел, за оние кои бараат поголеми возбудувања. Тој ќе содржи и паркинг од 11.000 квадратни метри, ресторани, продавници, тоалети, театар со 200 седишта, фонтани, како и своја внатрешна инфраструктура за лесно снаоѓање“, рече Барцани.

Новиот забавен парк треба да отвори околу 100 вработувања, а со својата модерност и атркативност освен што ќе привлекува домашни гости, ќе биде посетена локација и од странски туристи.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...