8.9 C
Ohrid
петок, јануари 3, 2025
ПочетнаСветВо длабочините на Амазон има село по име Македонија (ФОТО+ВИДЕО)

Во длабочините на Амазон има село по име Македонија (ФОТО+ВИДЕО)

spot_img

Во длабочините на Амазон има едно село по име Македонија, кое ја собрало убавината на целиот свет. Селото се наоѓа на брегот на колумбиски Амазон и има 800 жители, од кои речиси половина се помлади од 18 години. Живеат од риболов, лов и занаетчиство. Училиштето и црквата се единствените јавни места во селото. Автомобилот е непознат поим во густата амазонска џунгла.

Во овој регион на Амазон од крајот на 19 век живеело едно семејство од племето Тичуна, чие презиме било Македо, вели грчкиот сајт Радиоласити.

Членовите на семејството прво станале католици под влијание на мисионери, а потоа преминале во евангелисти, па ги конвертирале и другите Тичуна-семејства што дошле од соседните области во Бразил и Перу и се населиле со нив во истото село.

Тие почнале да ја проучуваат Библијата во групи, а кога стигнале до писмата на апостол Павле до Солуњаните и Филипите во Новиот завет биле импресионирани кога првпат го прочитале зборот Македонија.

Така во 1975 година, сите семејства што живееле заедно во езерското село одлучиле своето село да го наречат Македонија, сметајќи дека се единствените Македонци во светот. Така е создадена амазонската Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Три беживотни женски тела беа извлечени:Продолжува потрагата по возачот на автомобилот кој вчера излета во Вардар

Трагедија вчера ја потресе Македонија, откако на патот Сарај – Рашче, возило падна во Вардар, при што загинаа три жени, додека едно дете е...

Убиство во Тетово: Татко со ловечка пушка си го убил синот

Вечерва, семејна трагедија го потресе Тетово. Според првичните неофицијални информациите татко со ловечка пушка си го убил синот, објави ТВ21. На местото на настанот веднаш...

Заменик директорот на Македонија пат негира дека ја застрелал мечката- Ја нашол усмртена од сообраќајка?

Денеска од Анима Мунди обвинија дека заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, застрелал мечка која со закон е целосно забранета за лов, но...

Во Швајцарија стапи на сила забрaната за носење бурка, казна од 1.064 евра за прекршување

Во Швајцарија од вчера стапи на сила законот за забрана за покривање на лицето на јавни места, познат како „забрана за бурка“, а неговото...