8.9 C
Ohrid
петок, јануари 3, 2025
ПочетнаМакедонијаУНЕСКО ГО РАЗГЛЕДУВА СТАТУСОТ НА ОХРИД

УНЕСКО ГО РАЗГЛЕДУВА СТАТУСОТ НА ОХРИД

spot_img

За прв пат во својата историја Охрид ќе се најде на регистер за нелегални градби на сесија во Унеско која се одржува во Баку Азербејџан . Според статистиката во регистарот на нелегални градби кој го направи општината идентификувани се 1.076 предмети за кои е констатирано прекршување на законот за градење, од кои 409 се лоцирани во заштитниот појас.

УНЕСКО во последниот извештај препорачува да го стави природното и културното наследство на Охридскиот Регион на листата на загрозено светско наследство.

Градоначалникот на Охрид пак и во досегашните изјави укажуваше дека состојбата со дивоградбите е алармантна и дека ова не е новитет но дека мора да се пристапи посериозно да се третира проблемот

И дел од екологистите во земјава досега неколку пати алармираа за ваквата ситуација .

Во Баку Азербејџан каде на седница ќе се дискутира токму оваа тема е и градоначалникот на Охрид Георгиевски а дел од делегацијата се и министерот без ресор Едмонд Адеми и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски . Сепак иако Георгиевски и до сега укажуваше на потребата од рушење на дивоградбите сепак се уште не е избрана фирмата која што ќе го прави тоа и ќе се чека најверојатно тој да се врати од Баку но и да ги донесе заклучоците кои произлегле од мониторинг мисијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Три беживотни женски тела беа извлечени:Продолжува потрагата по возачот на автомобилот кој вчера излета во Вардар

Трагедија вчера ја потресе Македонија, откако на патот Сарај – Рашче, возило падна во Вардар, при што загинаа три жени, додека едно дете е...

Убиство во Тетово: Татко со ловечка пушка си го убил синот

Вечерва, семејна трагедија го потресе Тетово. Според првичните неофицијални информациите татко со ловечка пушка си го убил синот, објави ТВ21. На местото на настанот веднаш...

Заменик директорот на Македонија пат негира дека ја застрелал мечката- Ја нашол усмртена од сообраќајка?

Денеска од Анима Мунди обвинија дека заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, застрелал мечка која со закон е целосно забранета за лов, но...

Во Швајцарија стапи на сила забрaната за носење бурка, казна од 1.064 евра за прекршување

Во Швајцарија од вчера стапи на сила законот за забрана за покривање на лицето на јавни места, познат како „забрана за бурка“, а неговото...