24 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаМакедонијаТетовчанец запознал Французинка на интернет, па и праќал експлицитни фотки, па завршил...

Тетовчанец запознал Французинка на интернет, па и праќал експлицитни фотки, па завршил со уцени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Жител на тетовско село на социјалната мрежа „Фејсбук“ добил понуда за пријателство од Французинка, а комуникацијата стигнала до размена на фотографии и видеа со компромитирачка и контраверзна содржина. Сепак комуникацијата завршила со уцена на наводната Французинка дека неговите „голи“ фотографии ќе бидат јавно објавени доколку не и даде одредена сума пари. Младиот тетовец го пријавил случајот во СВР Тетово, па оттаму службите за компјутерски криминал сега истражуваат за што станува збор.

<

– Ова не е единствен пријавен случај. Има и такви кои на „Фејсбук“ „Инстаграм“, виделе нивни фотографии објавени од други лица придружени со навредливи текстови и пораки за трети лица. Оттаму, се апелира до корисниците на социјалните мрежи да се воздржат од вакви злоупотреби, но и од невнимателно споделување на лични податоци, без при тоа адекватно да ги заштитат, посебно при контакти со непознати лица од други места или држави, при учества во фиктивни наградни игри со лажни добивки и при практикување на „онлајн нарачки“, истакнува Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово укажуваат дека злоупотребувањето на лични податоци претставува кривично дело, за кое е предвидена парична и затворска казна до една година (член 149 од Кривичниот законик). Доколку злоупотребувањето го извршило службено лице при вршење служба, ќе се соочи со затворска казна од три месеци до три години.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсена докторка во Македонија за примање поткуп !!!

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во...

Сообраќајка кај Битола: Автомобил удри во комбајн

Попладнево се случила сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп кај клучката с. Тополчани. Според информациите, се судриле автомобил и комбајн. Засега нема информации за повредени.

Полицаец им продавал дрога на затворениците во Идризово.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Биди и ти полицаец: Оглас за нови 150 полицајци.

Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек, биди и...