2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаГолема трагедија: Две малолетни момчиња се удавија во река кај Струмица откако...

Голема трагедија: Две малолетни момчиња се удавија во река кај Струмица откако им се превртел тракторот.

spot_imgspot_img

Две малолетни момчиња на возраст од 14 и 15 години од населените места Пиперево и Добрејци починаале во несреќа што се случила пред мостот на реката Струмица помеѓу овие две населени места . Несреќата се случила попладнево. Двајцата тинејџери како што неофицијално дознаваме со трактор се движеле покрај брегот на реката од атарот на селото Василево со намера да се приклучат на патот Добрејци-Пиперево кај мостот што ги поврзува овие две населени места. Од засега непознати причини излетале од трапот на реката при што ги загубиле животите. Засега нема потврда дали момчињата се удавиле во реката или им подлегнале на повредите од превртениот трактор.

Од СВР Струмица потврдија дека две малолетни лица се починати кај реката Струмица пред мостот кон населеното место Пиперево. Според полицијата несреќата се случила околу 15 часот. Увид извршиле од полицијата, дежурен јавен обвинител кои треба да ги утврдат причините за ова трагедија што ги потресе жителите на овие две населени места.

дрнка.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...