0.5 C
Ohrid
среда, февруари 5, 2025
ПочетнаМакедонијаКамчев: Блиски сме со мажот на Шеќеринска? Знаам дека жената нема врска...

Камчев: Блиски сме со мажот на Шеќеринска? Знаам дека жената нема врска со ова?

spot_img

Во продолжението на денешното сведочење на бизнисменот Орце Камчев, кој тврди дека истрагата „Империја“ против него била конструирана за да го рекетираат Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, тој кажа како се охрабрил случајот да го пријави лично кај премиерот Зоран Заев.

<

Откако претходно на сведочењето на „Рекет“ кажа дека случајот првин го пријавил не во УБК, туку кај тогашниот директор Горан Николовски, на кого му кажал дека ќе го снима давањето милион евра на Бојан Јовановски, Камчев рече:

„Се јавив директно кај премиерот Заев. Побарав да ме прими во неговиот кабинет, отидов и раскажав какви снимки имам, како ме рекетираат Јовановски и Јанева. Ме ислуша. Човекот беше запрепастен. Ми рече ‘остави ме два дена, шокиран сум‘. По два дена се јави и ми кажа сѐ што имам да пријавам и да однесам кај обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска“.

Потоа тој рече дека Јовановски злоупотребувал 95% од актуелните политичари, покажувајќи фотографии со нив, а тие немале врска со неговата криминална шема. За вицепремиерката Радмила Шекеринска Камчев рече дека и таа била злоупотребена, така што Боки 13 му покажувал фотографија со неа, за да му се закани дека е близок и со неа и треба да ги даде парите.

„Се разбира, не потпаднав под тоа. Не поверував, ја знам жената, не е таква“, кажа Камчев.

Потоа откри како Боки 13 и Сергеј Варошлија го малтретирале и уредникот во „1ТВ“, Ацо Кабранов. Ноќе му се јавувале со мутирани гласови да му се закануваат, го терале да пријавува во полиција, за на крај Јовановски да излезе негов спасител. Со ова, рече Камчев, сакам да кажам каква маша телевизија беше неговата „1ТВ“.

КАТИЦА НА РАСПИТ ВО СЈО МИ РЕЧЕ ДА ГО ЗАВРШАМ ТОА ШТО ГО ДОГОВАРАМ СО БОКИ, СВЕДОЧИ ОРЦЕ КАМЧЕВ НА „РЕКЕТ“
ЌЕ СЕ ЗАВРШИ РАБОТАТА ЗА „ИМПЕРИЈА“, ГЛЕДАШ ТУКА СЕДИ СИНОТ НА КАТИЦА, Ѝ КАЖАЛЕ НА АНА КАМЧЕВА, СПОРЕД СВЕДОЧЕЊЕТО НА ОРЦЕ КАМЧЕВ
НЕЗАДОВОЛЕН ОД СУМАТА ШТО МУ ЈА ПЛАТИВ ЗА РЕКЛАМА НА 1ТВ, БОКИ МИ ПРАТИ СЛИКА СО КАТИЦА, СВЕДОЧИ КАМЧЕВ НА „РЕКЕТ“
Во вкрстени прашања, Камчев беше прашан каков совет му дал директорот на УБК за приватните видео и аудиоснимки што ги правел од куќен притвор.

„Горан ми даде совет да ги зачувам сите хард дискови во оригинал, како и сите уреди што се користени во снимањето додека бев во куќен притвор. Ми рече да ѝ ги дадам на обвинителката Русовска, зашто само таа може да ја разоткрие криминалната шема и да ги гони кривично Јовановски, Јанева и останатите актери во ‘Рекет‘“, рече Камчев.

Сведочењето уште трае.

С. К. ДЕЛЕВСКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејни врски: Сопругот на судијката Алексовска Стојановска цели пет години работел со мајката на Васил Јованов

HomeМакедонијаВести Семејни врски: Сопругот на судијката Алексовска Стојановска цели пет години работел со мајката на Васил Јованов Матеја Петровскифевруари 4, 2025 Семејствата на сега притворениот Васил Јованов,...

Затворската полиција му пиша на Пандов: Дали знаете дека има постојани закани кон затворска полиција?

Синдикатот на затворската полиција и администрација при Независниот синдикат на државната администрација денеска упати отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции, Александар...

Таткото на Фросина: Откако ја согазил ќерка ми, Васил колата ја паркирал пред нашата зграда

Во вечерашното гостување на Телевизија Сител, таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков на прашање дали 20-годишниот Васил бил на местото на несреќата,...

Мицкоски за скапотијата: Во јануари јас не јадев дињи, лубеници, цреши, исто така не сум се напил и нескафе од 250 денари..

Барањето од Владата и бизнисот кошничката да ја пресметува посебно тело, а не само синдикатот е уште еден обид да не пораснат платите, смета...