10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаСветПолицајка имала секс со жртва на сексуално злоставување...

Полицајка имала секс со жртва на сексуално злоставување…

spot_img

44-годишната полицајка Андреа Грифитс дала отказ откако била откриена нејзината афера со жртва на сексуално злоставување која требала да ја чува во 2015-та година.

<

Како што пренесува британски “Sun”, Андреа дала отказ пред сослушувањето за недолично однесување и на тој начин ги надитрила надредените со оглед на тоа што ѝ следувал сигурен отказ.

„Андреа Грифитс развила непримерен, личен однос со маж кој бил жртва на сексуално злоставување“, стои во соопштението на полицијата од Северен Велс.

Полицајката Грифитс признала дека сексуалната активност се случила додека била на должност. Меѓутоа, според нејзиното тврдење, таа и жртвата имале само еден сексуален однос, односно негира дека била во врска.

„Признавам дека имав односи со жртвата на 29-ти јуни 2015-та година. Го прифаќам грубото прекршување на законот и длабоко жалам поради тоа што се случи. За да избегнам срамење на мојата професија, дадов отказ“, изјави Андреа Грифитс на сослушувањето.

Сузан Дејвис од тамошната полиција изјави дека Грифитс ги прекршила стандардите на чесност и интегритет, па и да не дала самата отказ, сигурно ќе била отпуштена.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...