5.4 C
Ohrid
петок, јануари 3, 2025
ПочетнаМакедонијаЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА ''ГРАДОНАЧАЛНИКОТ'' НА ОХРИД ПРОФ. Д-Р ЈОВАН СТОЈАНОСКИ

ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА ”ГРАДОНАЧАЛНИКОТ” НА ОХРИД ПРОФ. Д-Р ЈОВАН СТОЈАНОСКИ

spot_img

Toчно пред една година на 48 годишна возраст престана да чука благородното срце на градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски.

Кобната вест во Охрид се прошири како молња,а луѓето препрашуваа и неверуваа во кажаното. За семејството, пријателите и најблиските соработници д-р Јован Стојаноски ќе живее преку спомените кои болат и секогаш ќе болат.

И денеска една година по смртта и физичкото заминување на д-р Стојаноски под објавите на социјалните мрежи стотици изрази на сочувство и жалење за големата загуба на човекот ( сопруг, татко, син … ) кој не успеа да ја заврши својата визија за Охрид.

Фотографија на Константин Георгиески – официјална страна.

Меѓу оние кои денеска напишаа емотивни статуси е и неговиот наследник – градоначалникот на Охрид Константин Георгиески:

– Помина една година откако го испушти последениот здив на моиве раце.
Здивот со кој згасна твојот живот, а започна мојот нов живот.
Замина и ми остави болка, празнина и голема обврска кон тебе.
Правам се што ветив Јован.За тебе, за нашите граѓани и за нашиот град.
Колку години и да поминат, нема да се доволни да се заборави секој убав спомен на тебе!
Почивај во мир, голем човеку!

Јован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври 2017 година, а кандидиран од СДСМ. Пред да стане градоначалник, Стојановски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Публицитет.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заменик директорот на Македонија пат негира дека ја застрелал мечката- Ја нашол усмртена од сообраќајка?

Денеска од Анима Мунди обвинија дека заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, застрелал мечка која со закон е целосно забранета за лов, но...

Во Швајцарија стапи на сила забрaната за носење бурка, казна од 1.064 евра за прекршување

Во Швајцарија од вчера стапи на сила законот за забрана за покривање на лицето на јавни места, познат како „забрана за бурка“, а неговото...

„Анима Мунди“: Заменик-директорот на „Македонија пат“ се фотографира со мечка што ја застрелал

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, објави фотографии од заменик-директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо...

Нашата Бојана Танеска Боеска за која се сплоти цела Македонија за жал ја загуби битката со подмолната болест.

Нашата Бојана Танеска Боеска, охриѓанката за која периодов наназад, граѓаните на Охрид, но и целата држава и светот донираа и организираа бројни акции за...