21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаОХРИДСКИТЕ КОЛЕДАРИ ГО НАЈАВИЈА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

ОХРИДСКИТЕ КОЛЕДАРИ ГО НАЈАВИЈА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со свеќи во рацете , кандилца и ѕвезди околу 700 дечиња беа дел од денешната Бадникова поворка што седма година по ред се одржува во Охрид. Пеејќи ја коледарската песна „Вечниот Бог“ низ охридските улици и чаршијата, младите охриѓанчиња кои ги симболизираа ангелите го најавија христовото раѓање.

<

На плоштадот „Св. Климент Охридски“ кај божиќната пештера што е подарок од Бигорскиот манастир, Св. Јован Крстител, коледарчињата ги пречека градоначалникот Константин Георгиески кој ги дарува со божиќни пакетчиња.

– Возвишено е чувството, да се биде дел од оваа културно – верска манифестација во која учествуваат нашите најмили – дечињата, кои со старохристијанската коледарска песна го најавуваат христовото раѓање. Возобновувањето на оваа традиција е секако за поздравување затоа што преку неа најмладите се запознаваат подлабоко со суштината на нашата вера, со значењето на христовото раѓање. Секогаш мора да си ги познаваме своите корени, своите традиции за да градиме успешна и посветла иднина за сите нас. Во оваа прилика им го честитам големиот христијански празник Божиќ на сите православни христијани, со надеж дека ќе го минат во добро здравје, со ведра мисла и спокој, опкружени со љубовта на своите најблиски- рече градоначалникот Георгиески.

Градоначалникот Георгиески присуствуваше и на бадниковата поворка што втора година по ред се одржува во Селото Велгошти.

Бадниковата поворка е една од најмасовните културно- верски манифестации што се организираат по повод големиот христијански празник Божиќ.

Организатор на настанот е Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е поддржан од општина Охрид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...