19.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаОва го има само кај нас: После 60 години Штипјани ќе добијат...

Ова го има само кај нас: После 60 години Штипјани ќе добијат мост кај реката Брегалница.

spot_img

По безмалку 60 години, Штип ќе добие нов мост на Брегалница. Релативно поволните временски услови во овој период од годината, овозможуваат финалните работи да не губат од потребното темпо:
„Од 20-ти јануари веќе имаме создадени услови за да продолжат активностите со цел да се изградат крилните ѕидови, да се направат оградите на мостот, да се дотампонира и доасфалтира. Значи ова се неколку операции што можат релативно брзо да се реализираат“, изјави Благој Бочварски, градоначалник на о. Штип.
Мостот е дел од капиталниот проект обиколница вреден еден милион евра. Оптимизмот, дека времето ќе е сојузник на градежниците, наложува кратење на временските рокови за предвремено завршување на изградбата.
„Мостот се работи со предвидената динамика и наскоро ќе биде пуштен во употреба“, најави Бочварски
Без потпорни столбови, само со челичен носечки лак, четвртиот мост на Брегалница е единствен од ваков вид во Македонија. Тежината му е 240 тони, должина од 60, широк десет метри, со две коловозни ленти и тротоари за пешаците.
Истиот значително ќе ја растовари сообраќајната турканица во Штип, особено во утринските и пладневни шпицови, поврзувајќи ја индустриската зона со населбите Пребег, Баби, Сењак и Дузлак.

<

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...