14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридПосле осветувањето на водите во Охрид се случи чудо: После 4 години...

После осветувањето на водите во Охрид се случи чудо: После 4 години се појави Лилит, но не е веќе мало лебедче…

Ден после Водици, се случи чудо: се појави црната лебедица Лилит, здрава, права, порасната, објави на својот фејсбик профил пред малку д-р Зоран Тунтев, од Лајонс клубот „Лихнидос“ и редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

За оние кои не се во тек. приказната оди вака: Од 21 октомври 2016 година покрај белите Охридското Езеро беше дом и на црниот лебед Лилит. Лајонс клубот „Лихнидос“ во соработка со Зоолошката градина од Белград во 2016 година ја започна акцијата за враќање на црните лебеди во охридските сини езерски води. Обид црните лебеди да бидат украс на езерото имало и во почетокот од седумдесеттите од минатиот век, но факторот човек бил причината црните а и белите лебеди за миг да исчезнат.

Лилит беше пуштена да плови во езерото од пред кафетеријата „Аквриус “ а настанот тогаш предизвика голем медиумски интерес. По некое време требаше да и се придружи и лебедот Адам, но тој исчезна уште додека беше во карантин, а потоа од езерото исчезна и Лилит.

-Лајонс клубот „Лихнидос“ има свој почесен член од Белград, тоа е Србољуб Алексиќ – директор на Зоолошката градина „Бео Зоо Врт“ Лани, на моја иницијатива, го замолив Србољуб да издејствува донација од зоолошката на два бели пауни. Тоа го стори и нив ги подаривме на манастирот Св. Наум, изјави во октомври 2016 , д-р Тунтев.

публицитет.мк

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...