3.9 C
Ohrid
среда, јануари 22, 2025
ПочетнаМакедонијаЗнамето на Македонија ќе се вее пред Брисел најрано на пролет

Знамето на Македонија ќе се вее пред Брисел најрано на пролет

spot_img

Амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Бејли Хачинсон потврди дека сите очекуваат знамето на Северна Македонија да започне да се вее пред седиштето на Алијансата во Брисел мошне скоро, најрано на пролет.

<

Хачинсон утре во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата. На денешниот брифинг за новинарите таа укажа дека на состанокот ќе се разговара за тековните приоритети и насоките дадени „на НАТО самитот лани во декември“.

Еден од приоритетите годинава е проширувањето на Алијанста со уште една земја, Македонија, откако поминаа ратификациите во парламентите на сите земји членки.

-Знамето на Македонија ќе се вее пред Брисел најрано на пролет. Нашите македонски сојузници направија одлична работа со реформите. Пофалби за трпението и за лидерството со решавањето на (проблемот) со името што беше клучно за започнување на целиот процес на членство, изјави Хачинсон.
Хачинсон истакна дека претседателот на САД, Доналд Трамп, побарал засилување на операциите во Ирак, со повеќе обуки и градење на капацитетите на ирачките сили. Со оглед на тоа што операцијата со справување со терористите заврши успешно во Авганистан, „истото сакаме да го направиме и во Ирак.“ НАТО ќе ги ревитализира своите активности и во Авганистан, со обид да се подобрат односите со властите на оваа земја.

На министерскиот состанок ќе се разговара и за Русија и справувањето со секакви можни закани од таму „преку европската одбранбена иницијатива“. Амбасадорката даде уверување дека НАТО има капацитети да се бори против злонамерните активности на трети земји како Русија.

На утрешниот состанокот ќе се говори и за соработката меѓу НАТО и ЕУ за армиска мобилност и споделување на трошоците во НАТО.

-Се надевам дека ЕУ ќе стапи со повеќе напори за да се засилат одбранбените и безбедносни политики на НАТО, изјави Хачинсон.
Таа го спомена и споделувањето на трошоците за одбрана и инвестиции во одбранбените капацитети, барање што Трамп го постави уште на почетокот на својот мандат во 2017 година – издвојување на 2 отсто од домашните буџети на членките за одбраната.

Според неа, по настојувањата на претседателот, буџетот на НАТО во 2017 година се зголемил за 130 милијарди долари, а до 2024 година се проценува да се зголеми на 400 милијарди долари.

На прашање во врска со недоволната популарност на НАТО кај некои европски земји, укажано и во најнова анкека на истражувачкиот центар „Пју“, Хачинсон изјави дека во САД поддршката за НАТО е надпартиска и таква треба да биде и во ЕУ.

-Имаме заеднички вредности како демократија, владеење на законот, почитување на човековите права, и треба да бидеме обединети и да се соочиме со ривалите кои не ги споделуваат овие вредности, изјави таа.
Така например, НАТО се поставува како платформа за решавање на билатерални прашања и во такви области како човекови права, како на пример признавањето на унгарското малцинство во Украина, за што Унгарија го блокира учеството на Киев во министерските состаноци на НАТО уште од 2017 година.

Во врска со руските акции во Идлиб, Сирија и поддршката на Москва на режимот на Башар Асад, Хачинсон изјави дека тоа е „многу проблематично“.

– Овие напади врз турски сили се незамисливи и треба да запрат. Иако има повеќе несогласувања меѓу нас, Турција е членка на НАТО и ја поддржуваме во нејзиниот обид да го запре режимот на Асад и да се изнајде некакво мирно решение, со оглед на тоа дека во овие сириски напади поддржани од Русија или воздушни напади на руската авијација, таа поддршка веднаш да запре, загинаа многу цивили, рече Хачинсон.

лидер

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Делата зборувааат за него: Градоначалникот Ногачески горд на реализираните проекти- Во 2025 година не очекуваат уште поголем број на нови проекти.

💁По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021...

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието. Тој, како...

Вечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и...

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Јана Манева Чупоска на социјалните мрежи објави дека починал нејзинот татко, познатиот сликар Коле Манев. Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, Егејска...