31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаЗабаваМечето Ушко јунакот и среќата на нашето детство...

Мечето Ушко јунакот и среќата на нашето детство…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мечето Ушко е еден од најомилените ликови во Полска (и не само во Полска), бидејќи за генерациите што растеа во 60-ите, 70-ите и 80-ите години на минатиот век, тој беше важен дел од сеќавањата на детството, дел од колективната, неретко идеализирана меморија. Освен во книгите и во списанието за деца „Мече“ (Miś), неговите доживувања се присутни во анимираната серија за деца, играниот анимиран филм и во документарен филм. Неговиот статус во Полска е култен.

<

Првото појавување на Ушко е во комичното списание за деца, „Miś“, на 6 март 1957 година . Подоцна стануваглавен лик на неколку детски книги, преведени на повеќе јазици. Својата најголема популарност ја стекнало во 1975 година, кога Студиото за мали филмски форми, СЕ-МА-ФОР од Лоѓ, ја создало анимираната серија за Полската радио-телевизија.

Во рамките на некогашна СФРЈ се чини дека серијата најголема популарност доживеа токму во Македонија. Генерации деца со нетрпение ја чекаа секоја нова епизода, емитувана во терминот пред вториот Дневник. Серијата започнала да се емитува речиси во исто време како во Полска. Не се знае точниот број на откупени епизоди. „Мечето Ушко“ се емитуваше на Телевизија Скопје, која по осамостојувањето на Македонија се преименува во Македонска радио телевизија. Македонската синхронизација на ликовите му беше доверена на извонредниот Борис Мајсторов, кој му даде еден особен момент на овој лик, па така многу генерации се сеќаваат на Мечето Ушко токму по гласот на Борис Мајсторов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...