10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЗа чајџилниците во Чаир не важи закон -преполни- ја нападнале екипата на...

За чајџилниците во Чаир не важи закон -преполни- ја нападнале екипата на ТВ21 кога сакале да снимат

spot_img

По одлуката на Владата – кафетериите и рестораните да работат до 18 часот, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат излегоа на терен. Се собраа во 17:30. Ги ставија маските и ракавиците и со униформа се качија во автомобили. Десетици инспектори се распоредија на разни локации во Скопје – некои во центарот на градот, а некои во околината. Во 18 часот излегоа на терен. Во повеќето од локалите во Дебар Маало светлата беа изгаснати, и можеа да се забележат само сопствениците, кои рекоа дека веќе затвораат, но не видовме ниту еден клиент. Слично беше и на второто, третото и четвртото место што го посетија. Но, ваков случај не беше и со овој локал, во кој имаше многу луѓе. Сепак сопственикот се спаси од кривична пријава, која е предвидена за оние кои нема да ја почитуваат владината мерка. Откако инспекторите завршија со нивниот дел кој требаше да го исконтролираат, отидоа на пауза. Рекоа дека подоцна ќе излезат повторно, со цел да проверат дали некој локал повторно е отворен.

<

 

Екипата на ТВ21 продолжи сама и без инспектори. Во 18 и 30 часот дојдовме на улицата „Јахја Паша“. Рестораните беа затворени, но во чајџилниците сѐ уште имаше луѓе. Иста ситуација беше и со чајџилниците што се наоѓаат блиску до скопскиот стадион.  Кога се приближивме да поразговараме со одговорниот на чајџилницата, тој ја нападна екипата на ТВ21, и тоа со доста банални зборови.

 

Го контактиравме Пазарниот инспекторат за да ги прашаме дали се врши контрола и во чајџилниците, од каде ни потврдија. Како што дознавме, по 19:30 чајџилниците веќе биле затворени. Инаку, пред два дена стапи на сила владината мерка која предвидува кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот. Непочитувањето на оваа мерка се смета за кривично дело.

ТВ21

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...