-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаЗдравје и убавинаГермански лекар открил: Ова се два нови симптоми на коронавирусот

Германски лекар открил: Ова се два нови симптоми на коронавирусот

spot_img

Германскиот виролог Хендрик Штрек препознал нови симптоми на инфекцијата со новиот коронавирус. Директорот на Институтот за вирологија и истражување на ХИВ при Медицинскиот факултет на Универзитетот во Бон, ги прегледал жителите од округот Хајнсберг во покраината Северна Рајна-Вестфалија, каде има многу заразени. Притоа открил дека речиси третина од нив се жалеле на загуба на чувствата мирис и вкус, во текот на неколку дена.

“Една мајка дури и не можела да го почувствува мирисот на полната пелена на своето бебе. Други не можеле да го почувствуваат мирисот на шампонот, а храната им немала вкус”, рекол за “Frankfurter Allgemeine Zeitung”, а неговите заклучоци ги пренел и “Velt”.

“Бевме во округот Хајнсберг, каде има многу заразени, одевме од куќа до куќа и ги прашувавме луѓето за симптомите. Ги анализиравме симптомите и притоа откривме некои нови, земавме примероци од воздух, брисеви од кваки, мобилни телефони и далечински управувачи, дури и собравме примероци од ВЦ школки”, вели експертот.

Вирологот не можел точно да каже во кој момент се јавуваат тие симптоми, но, како што рекол, “мислиме дека настапуваат дури кога инфекцијата веќе поминува”.

На прашањето дали вирусот се пренесува преку столчиња, Штрек вели дека таа можност не е исклучена, но дека нема докази дека е така.

“Најдовме генетски материјал од вирусот на ВЦ школки, што, меѓутоа, не значи дека е инфективен” рекол експертот.

Опишувајќи го типичниот пациент заболен од COVID-19, бонскиот експерт вели:

“Типичен заболен покажува само благи симптоми, што покажува и кинеското истражување од Шенжен, според кое 91 процент од заболените имаат само слаби до умерени симтпоми: сува кашлица, која го надразнува грлото, евентуално висока температура. Ние во нашето истражување ги откривме симптомите на губење на чувството за мирис и вкус. Во 30 проценти од случаите заболените имале дијареа, што е повисок процент од тоа што досега се претпоставувало”.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...