10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаСведоштво на Сандре Чипанов : Како Свети Климент го спасил Охрид од...

Сведоштво на Сандре Чипанов : Како Свети Климент го спасил Охрид од колера? „Градот секој ден се полнеше со мpтoвци, лек немаше…“

spot_img

Следејќи ја традицијата на Светата Православна Црква и за време на најголемите епидемии Црквата со литии, со икони и свети мошти, со молитви и темјан, се борела и изборила со болестите, како што било во Охрид со моштите на свети Климент Охридски во 1910 година.

<

Стариот Сандре Чипанов, долгогодишен клисар на црквата на Свети Климент во Охрид, ја раскажува следнава случка:

Во 1910 година беснееше колера во Охрид. Градот секој ден се полнеше со мртовци. Лек немаше. Народот почна да се преселува и да бега во околните села. Манастирот Свети Наум беше полн со избегани охриѓани.

Тогаш, вели Сандре, му предложив на поп Ѓорѓи и на уште еден поп кој беше при црквата Свети Климент, да ги земеме моштите на Светиот отец наш Климент и да поминеме низ градот во литија. Свештениците се согласија и веднаш тргнавме, само ние, неколку души. Попат почна да ни се придружува народот. Го поминавме варошот, па потоа низ чаршијата. Турците не ни сметаа, зашто и тие се луѓе, наши браќа од човештвото, кои се пред Бога исти и делиме исти проблеми, и среќата и несреќата исто ја доживуваме, а сега сите паѓааме од колерата како муви. И така, до вечерта се вративме со моштите во црквата Свети Климент. Другиот ден никој повеќе не се разболе од колера. Оваа грозна болест веднаш се пресече. Носењето на светињите во литија многу помага, вели стариот Сандре.

Тој исто така потсетува на случајот во Цариград. Еднаш и во Цариград завладеала колера и многу народ покосила. Тогаш Патријархот пошол кај султанот и замолил за одобрение, да се пренесе низ градот Појасот на Пресвета Богородица, кој тогаш се чувал во црквата Влахерна. Султанот дозволил и литија со Појасот и со Патријархот, свештенството, со крстови и рипиди, прошла низ Цариград. И колерата веднаш престанала.

*Сведоштво запишано од Владиката Николај Битолско-охридски, во неговата Книга Емануил, глава II: О чудесним исцелењима, 15-то чудо: Повест о колери у Охриду 1910. године. Извор: Бигорски.орг

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...