10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаДали на Охрид му се заканува опасност? Жители од Дебар и Центар...

Дали на Охрид му се заканува опасност? Жители од Дебар и Центар Жупа сопрени кај Подомоље.

spot_img

Во возилото имало 4 возрасни и 2 малолетни лица.

<

Вчера во 13.00 часот, на контролниот полициски пункт кај охридското село Подмолје, во насока кон Охрид, сопрен е патнички автомобил „голф“, со охридски регистарски ознаки, управуван од С.М.(26) од дебарското село Отишани. Во возилото како сопатници беа О.И.(29), К.Н. (20), со две малолетни лица, сите од селото Долгаш, општина Центар Жупа, како и А.Џ. (20) од дебарското село Џепиште. Како е можно возилото со патниците да се најде пред Охрид испитува полицијата.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид „ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во членот 206 од Казнениот законик, а по претходна консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, лицата се задржани и запознат е Судија за деца при Основниот суд Охрид и Центарот за социјални работи, чиј претставник се вклучи во работата со малолетните лица.

– Дополнително, извршено е запознавање на Центарот за јавно здравје по што, возилото со сите лица, под полициска придружба се спроведени до зоната за карантин во Дебар. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, изјави портпаролот Димоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...