24.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридСе огласи и сопственикот на кафе бар ''План Б'': Ни еден од...

Се огласи и сопственикот на кафе бар ”План Б”: Ни еден од моите вработени нема да биде избркан или одјавен, иако трошоците ми се големи !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Се огласи и сопственикот на реномираното кафуле од Охрид – „План Б“ Антонио Наумоски:

<

Додека другите угостители ги бркаат или ги одјавуваат своите вработени, со оглед на новонастанатата ситуација во државата, јас како сопственик на кафе бар им ветувам на моите вработени дека, по секоја цел ќе им ги дадам сите плати, без разлика што моите трошкови за еден месец изнесуваат близу 10.000 евра.

Во целост ви го прикажуваме неговиот статус:

Поради изнесените ставови на Здружението на Угостители во Македонија , чуствувам обрвска кон вработените да се произнесам како сопственик на угостителски објект ПЛАН Б . Од наша страна ќе нема раскинување на договор за работа со вработените, на истите ќе им бидат исплатени задоцнетите средства во целост, со започнување на работа на угостителскиот објект ,по завршување на мерките против ширење на вирусот Ковид 19. Во врска со мерките предложени од Влада на Р. Македонија можам да кажам дека НЕ се доволни и се закаснати бидејки како изминуваат деновите нашите обврски се зголемуваат .Владата на Р. Македонија мора да го земе во предвид Март месец во кој угостителските објекти се целосно затвотворени а со тоа немаме прилив на средства. Апел до Владата на Р.М да ги преиспита донесените мерки , да го вклучи и Март месец во мерките бидејки нашите трошоци се превисоки .Во угостителството платите пораснаа така да нема плата пониска од 18.000 денари и ако се вклучат месечни трошоци како закупнина за кирија , комунална такса , урбана опрема , кредите за реновиранје на објектите и ред трошоци кои надминуваат и повеќе од 10.000 еура во 1 месец . Сакам да упатам порака до сите сограѓани да не ги напаѓаат угостителите бидејки има фирми во град Охрид кои имаат од 100 до 1000 вработени, работат во 3 смени за време на пандемија , работниците делат иста просторија , појадуваат во иста просторија на идеална далечина за ширејне на вирусот и истите се повластени од Влада на Р.М , а исплаќаат плата пониска од платата во Угостителската дејност . Со почит !

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...