-2 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче со лоши вести: „И по пикот за жал веројатно болеста...

Венко Филипче со лоши вести: „И по пикот за жал веројатно болеста ќе остане со нас, но ние не се откажуваме”

spot_img

Филипче одговарајќи на новинарско прашање рече дека летово веројатно би требало да се направи и скрининг на населението со кој би се определило каква е имунолошката ситуација, односно дали се создал имунитет кај населението од оваа болест и според тоа би се определило какви е бидат понатаму мерките, затоа што доколку нема имунитет би можело за определени лица и понатаму да важат определени мерки…

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на заразени. По градови: Скопје-22, Куманово-4, Прилеп-3, Струга-3, Велес-3 и Битола-1, соопшти министерот Венко Филипче преку социјалните мрежи. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 1117.

Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на заболувањето.

Според денешните информации хигеничарка од геријатриски дом од Ѓорче Петров позитивна на тестирањето кое и било направено откако покажала покачена температура. Поради тоа сега се бараат нејзините контакти и ќе се прави тестирање на поголемиот дел до нив, односно ќе се направат серолошки тестирања.

Тој исто така ги посочи и домовите за стари лица како едни од местата каде е најопасно ширењето на заразата и најави дека во сите домови за стари лица ќе започне серолошко тестирање.

„Имајќи предвид дека домовите за стари лица се едни од местата каде навистина треба да се пристапи со особена внимателност затоа што тие лица се со хронични болести, веројатно од следната недела ќе почнеме со серолошко тестирање на сите лица сместени во домовите за стари лица“,

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...