1.9 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорот на АЕК не убедува дека 4G има поголемо нејонизирачко зрачење од...

Директорот на АЕК не убедува дека 4G има поголемо нејонизирачко зрачење од 5G мрежата.

spot_img

Домашни оператори, заинтересирани странски компании и граѓани до 20 месецов, кога истече рокот, доставиле мислења и забелешки до Aгенцијата за електронски комуникации во врска со планираното издавање одобренија за користење радиофреквенции за 5Г-технологијата, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК.

– Рокот за поднесување мислења за добивање одобренија за користење радиофреквенции за 5Г најнапред беше предвиден да заврши заклучно со 6.3.2020. По барање на постојните два мрежни оператори од Македонија тој рок беше пролонгиран до 20.4.2020. Заклучно со овој датум до AEK се пристигнати мислења од повеќе заинтересирани страни, и тоа од: оператори во Македонија, граѓани на Македонија и од заинтересирани странски компании. Досега сите чекори се спроведуваат согласно динамиката предвидена со националниот оперативен бродбенд план (НОБП), кој беше усвоен од Владата на Mакедонија на 2.4.2019. Сите пристигнати мислења ќе бидат разгледани од страна на стручните служби во AEK и ќе бидат соодветно имплементирани во законската постапка, која е предвидена согласно Законот за електронските комуникации (ЗЕК) за доделување на овие радиофреквенции.
Согласно НОБП, тендерската постапка се очекува да започне до крајот на 2020. Ќе се сублимираат пристигнатите мислења и заедно со постојната регулатива во Македонија, која е на иста линија со европската, ќе се пропишат условите што ќе бидат наведени како барања, кои операторите што ќе добијат одобренија ќе треба да ги исполнат, вели директорот на АЕК.

На прашањето, кои се неговите аргументи за тоа дека оваа технологија не е штетна по здравјето на граѓаните, поради сомнежите и стравувањата во јавноста, директорот вели:

– Согласно ЗЕК една од надлежностите на АЕК е да го мери нејонизирачкото зрачење од сите предаватели од кои има емисија на електромагнетни бранови, а секако тоа значи и од базните станици од сите постојни технологии: 2Г, 3Г и 4Г. Ова значи дека и со воведување на 5Г тоа ќе остане обврска на АЕК. До овој момент АЕК спроведе мерење на нејонизирачко зрачење на неколку локации од 5Г тест-мрежата на Македонски телеком за која е издадено привремено одобрение до 31.10.2020 за опсегот 3.6-3.7 Mhz. Мерењето е спроведено во сценарио на максимална иззрачена енергија и резултатите покажуваат дека од максимално дозволеното ниво според меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење кумулативното зрачење изнесува 14,9 проценти. Во овој процент зрачењето од 5Г учествува со само 32 проценти за разлика од зрачењето што потекнува од 4Г, кое учествува со 49 проценти.

Бидејќи мерењето е спроведено во најлошо можно сценарио за 5Г за очекување е тоа да учествува со уште помал процент во реални услови. АЕК ќе продолжи и понатаму со континуирани мерења и доколку се констатира надминување на нормите, согласно ЗЕК секако дека АЕК ќе преземе соодветни дејства.

сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...