-2 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМите од Кавадарци: Пчелите ми се другари, затоа и направивме заедничка фотографија.

Мите од Кавадарци: Пчелите ми се другари, затоа и направивме заедничка фотографија.

spot_img

Безброј пчели денеска го покрија телото на Мите Ташев од Кавадарци. Дваесет и деветгодишниот пчелар раскажа за МИА дека и во време на коронавирус, како и во изминатите десетина години, другарува со пчелите.

Има и сопствени пчелни сандаци, но овие фотографии се направени во пчеларникот на вујко му Ване Честојанов во Стоби, со кој заеднички се препуштаат на страста на пчеларството.

„Две години се подготвував за еден ваков предизвик, сакав тоа мое другарство со пчелите да го овековечам и на ваков начин. Без да носам опрема за заштита, како што тоа го правам вообичаено. Во ова време пчелите излегуваат од сандаците и се ројат, бараат најразлични растенија со мирис како маточина на пример. Се намачкав со феромон мирис кој ги потсетува на маточина, за да ги привлечам да дојдат и да се фотографираме заедно. Не се плашам, реков дека одамна другарувам со пчелите, малку е чудно само чувството кога ме лазат. Една две ме боцнаа на крај, но тоа не е ништо, нагласи Ташев.

Тој додаде дека медот е здрав и еколошки производ и порача сите да го консумираат, со што придонесуваат кон сопственото здравје.

На наше прашање одговори дека не им бае на пчелите ниту пак има некој посебен ритуал кога другарува со нив, но дека многу добро го познава нивниот начин на живот и дека му се чини оти поради неколкугодишното пријателство, како да го научил нивниот јазик.

(МИА)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...