24.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаВо матично ќе може да се венчате само доколку чекате принова.

Во матично ќе може да се венчате само доколку чекате принова.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сите свадби кои беа закажани за оваа пролет и лето се презакажани за наесен. Матичните служби исто така ги откажуваат венчавките, а граѓански бракови склучуваат само оние двојки на кои им се брза односно кои очекуваат принова.

<

Од Управата за водење на матични книги велат дека овој период од годината односно во мај и јуни имаат најмногу свадби, по 350 месечно. Но, поради состојбата со пандемијата на КОВИД-19 и мерките кои ги воведе Владата откажани се речиси сите свадби, а со тоа не вечаваат ниту матичарите. За разлика од лани како што велат матичарите кога буквално не можеле да постигнат, сега можат да се избројат на прсти паровите кои решиле да склучат граѓански брак.

„Они парови на кои им се брза поради бременост или некоја друга причина ги венчаваме во општинските матични служби, но церемонијата трае многу кратко, не повеќе од 10 минути. На венчавката можат да дојде само по еден сведок на младенците и толку. Роднини, пријатели, зурли, тапани пред матично нема. Сите носат маски и заштитни ракавици. Можам да кажам дека од 350 венчавки кои сме ги имале овој период, сега има едвај 10 месечно“, велат од Управата за водење на матични книги.

Министерот Венко Филипче вчерашната прес-конференција на прашањето дали летово ќе може да се организираат свадби кажа дека кога ќе се отворат рестораните ќе има одредени критериуми за тоа како ќе бидат наместени масите и ќе се укаже да има дистанца меѓу гостите.

Сакамдакажам.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...