-2 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПОМЕН ЗА ВЕЧЕН СПОМЕН ЗА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МВР ВО "ДИВО НАСЕЉЕ"

ПОМЕН ЗА ВЕЧЕН СПОМЕН ЗА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МВР ВО “ДИВО НАСЕЉЕ”

spot_img

9 мај 2020 година, Куманово, Македонија – Денес е тажен ден за Македонија, за семејствата на загинатите припадници на Македонската полиција од антитерористичката акција во Диво насеље во Куманово во 2015 година. Денес се навршуваат пет години од кобниот 9 мај 2015 година и антитерористичката акција која започна рано утрината во 04.30 часот во саботата на 9 мај и траеше непрекинато 28 часа, сè до 10 часот во неделата на 10 мај.

На денешен ден во 2015 година беше спречена нова војна во Македонија!

Во антитерористичката акција на македонската полиција осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на татковината:

– Жарко Кузмановски (роден 1981), од с. Брвеница, Тетово,

– Ненад Серафимовски (роден 1987), од с. Зубовце, Гостивар,

– Сашо Самојловски (роден 1982), од с. Брвеница, Тетово,

– Бобан Ивановиќ (роден 1968), од с. Стајковци, Скопје,

– Горан Илијевски (роден 1974), од Гостивар

– Исамедин Османи (роден 1983), од с. Студеничани, Скопје,

– Љубиша Аранѓеловиќ (роден 1966), од Скопје,

– Горан Стојменовиќ (роден 1970), од Миладиновци, Скопје.

Загинаа за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија…Нека остане вечен поменот и споменот за тие кои ја бранеа татковината од терористичката ОНА, која во Македонија се бореше за територии и “Голема Албанија”, “за ослободување на албанските земји од славомакедонските окупатори”…

Овој датум и овие херои вечно ќе останат запишани во најновата македонска историја.

Вечнаја памјат и слава им! Било, да не се повтори, но…

Хероите никогаш не умираат! Амин…

Тодор Петров – Светски Македонски Конгрес

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...