-2 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаСрбија ги отвора границите од први јуни

Србија ги отвора границите од први јуни

spot_img

Се уште не се знае дали летово ќе можеме да одиме на одмор во Грција, Бугарија и Србија, без потоа да бидеме во државен карантин 14 дена. Јасно е само дека голем број фактори ќе влијаат врз оваа туристичка сезона, а некои од нив се целосно непредвидливи. Грците се надеваат дека најблиските соседи ќе ја спасат сезоната и ќе ги наполнат вилите и хотелите.  Бугарите пак, се уште чекаат инструкции од европската комисија.

Но, за туристите од Македонија да одат на одмор во Грција  или Бугарија, прво треба да се отворат границите и да се воспостават здравствени протоколи по кои ќе треба да се водат туристите.  Сигурно е дека на плажите оваа година ќе се држи социјална дистанца, а земјите од регионот, гарантираат дека ќе се посвети целосно внимание на хигиената во хотелите.

Очекуваме нашите балкански соседи да одат на одмор со нивните автомобили. Но, прво мораме да ги почекаме одлуките за отворањето на границите и протоколите врз чија основа ќе работат туристичката индустрија и здравствените инспекции – истакна градоначалникот на Халкидики, Стелиос Валианос.

Упатства за летување во Бугарија ќе добиеме на 13ти мај, тогаш Бугaрската агенција за туризам ќе го издаде водичот за одмор во време на корона.

Србија ќе ги отвори границите на први јуни, но за сега, нема подетални информации дали при влез во државата ќе треба, посетителите да поминат државен карантин.

Доколку се оди според плановите, граничните премини би можеле да почнат со работа уште кон крајот на мај.

алфа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...