1.9 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМатичните лекари бурно реагигаат, и ние учествуваме во борбата против пандемијата затоа...

Матичните лекари бурно реагигаат, и ние учествуваме во борбата против пандемијата затоа сакаме и ние награда од државата.

spot_img

По најавите за награда 2 месеци по 20 проценти поголема плата за здравствените работници кои се најизложени во борбата со Ковид-19 реагираа матичните лекари зошто се изоставени од одлуката. Од здружението на приватни лекари велат дека не бараат дополнителни пари, туку редовна исплата на капитацијата која сега им доцни 67 дена.

– Последната исплатена е за месец февруари, а во јавното здравство е исплатена и за април, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛ.

Матичните лекари тврдат дека овој период се изложени на дополнителни трошоци зошто сами си купувале заштитна опрема.

– Сами си купуваме опрема за заштита, маски и дезифициенци, поставиле плегсиглас на пунктовите кај медицинските сестри, ракавица и УВ ламби и се’ што било потребно за нивна и заштита на пациентите, рече д-р Чолакова Дервишова.

Со одлуката на Владата награда ќе добие медицинскиот персонал од Инфективната клиника и останатите инфективни одделенија, вработените во Институтот и Центрите за јавно здравје како и сите членови на тимовите од Итната медицинска помош.

Од министерството за здравство попладнево соопштија дека во тек е допрецизирање на целиот процес.

-Сите здравствени работници од сите нивоа и институции кои што работеа со пациенти со Ковид-19 ќе бидат вклучени во програмата. Оваа мерка пред се е наменета за оние кои беа се прва линија во борбата со коронавирусот и никој нема да биде изоставен, информираа од МЗ.

сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...