4.9 C
Ohrid
четврток, декември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЈапонија ја укинува вонредната состојба во цела земја

Јапонија ја укинува вонредната состојба во цела земја

spot_img

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска најави дека вонредната состојба што беше во сила во Токио и четири други административни области од средината на мај поради пандемијата на коронавирус ќе биде укината во текот на денот, но предупреди за можноста за повторно воспоставување на ограничувања доколку се шири вирусот..

Абе зборуваше на прес-конференција, откако неговата влада ги укина ограничувањата на 14 мај во повеќето префектури, освен Токио и четири други региони каде остана во сила..

Јапонскиот премиер, исто така, најави дека вкупниот износ на стимул за економијата на земјата, која исто така е погодена од пандемијата, ќе достигне 200 трилиони јени преку два пакети за помош, но предупреди дека ќе биде потребно долго време животот да се врати во нормала.

Абе истакна дека и биле потребни на неговата земја само месец и половина да го запре ширењето на инфекцијата, додавајќи дека тоа ја покажало силата на „јапонскиот модел“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот Актау во Казахстан, при...

Вондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени производи ќе преземеме поригорозни мерки, најави Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес-конференција на која информираше за активностите кои ќе ги преземе Министерството за економија и труд...

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболкaта и крушите што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната Влада за помош на овоштарството со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,...

Полициски службеници од Гази Баба и Арачиново си делеле бонус плати

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција –...